Гутереш одвоено се сретна со Абас и Нетанјаху во Њујорк

September 21, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, одржа одвоени состаноци со палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Њујорк на маргините на 78. Генерално собрание на ОН, пренесува Анадолу.

Палестинската агенција ВАФА јавува дека Абас го информирал генералниот секретар на ОН за најновата ситуација на окупираните палестински територии и израелската ескалација на тензиите.

Барајќи од ОН да ја преземат својата одговорност кон палестинскиот народ, Абас побара на Палестинците да им биде дадена меѓународна заштита, да се спроведуваат меѓународните одлуки, Израел да се принуди да го почитува договорот што го потпишал и да се запрат едностраните чекори.

Од друга страна, Гутереш, изрази надеж во решението на палестинското прашање и Палестина да добие статус на полноправна членка на ОН пред завршувањето на неговиот друг мандат на генерален секретар.

Гутереш изјави и дека планира посета на Палестина кон крајот на октомври.

Паралелно со тоа, од кабинетот на премиерот Нетанјаху е соопштено дека и тој се состанал со Гутереш во Њујорк и дека за време на разговорите ја нагласил иранската „дестабилизирачка улога“ на Блискиот Исток.

Нетанјаху, исто така, изјави дека верува оти меѓународните иницијативи со посредство на Соединетите Американски Држави меѓу Израел и Саудиска Арабија ќе резултираат со договор за нормализација и дека новиот економски коридор планиран да се протега од Индија до Европа преку неговата земја ќе придонесе за глобалната економија.

Во соопштението, исто така, се наведува дека Нетанјаху побарал од Гутереш да се откаже од „неоснованата критика“ на ОН кон Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лога: Без Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка не може да имаме борба против корупцијата и криминалот

Следно

Лаутаро ќе добие нов договор од Интер

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop