Македонија напредува на најновата ФИФА ранг-листа

September 21, 2023
1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија по одличниот септемвриски прозорец, ремито со Италија и победата над Малта, напредува на новата ФИФА ранг-листа.

На најновото рангирање Македонија е на 66. позиција, пред селекциите на Исланд и Црна Гора, а зад Јужна Африка и Конго. Добрите резултати донесоа подем од две позиции, бидејќи на последното рангирање во јули, Македонија беше 68 светска сила. Следите предизвици на „рисовите“ се во октомври, во клучниот дуел со Украинците во Прага и пријателска средба со Азербејџан.

На врвот на ФИФА ранкингот немаше промени. Прва е Аргентина, пред Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска и Холандија, Португалија напредува на осмото место на сметка на Италија, а топ десет ги заокружува Шпанија.

Од регионот најдобро се рангирани Хрватите (5), потоа следи Србија (28), Романија (47), Грција (51), Словенија (59), Албанија (62), Босна и Херцеговина (63), Црна Гора (68), Бугарија (78) и Косово (111).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Состанок на делегациите на Азербејџан и ерменското население во Карабах

Следно

Лога: Без Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка не може да имаме борба против корупцијата и криминалот

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop