Коњуфца: ЕУ со нетрпение очекува да работи со српската влада, а не е подготвена да ги укине мерките кон Косово

May 5, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изрази разочарување поради изјавите на високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел, кој и честиташе на новата влада на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на платформата „Х“, Коњуфца наведува дека, иако е подготвена да соработува со новиот српски вицепремиер Александар Вулин, кој е санкциониран од САД, ЕУ не изразува готовност за укинување на санкциите кон Косово.

„За жалење е да се слушне дека ЕУ со нетрпение очекува да работи со српската влада, вклучувајќи го и вицепремиерот Александар Вулин, кој е под санкции на САД поради неговите блиски врски со Русија, додека сè уште не е подготвена да ги укине неправедните мерки против Косово“, напиша спикерот на косовското Собрание.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во петокот му честита на Милош Вучевиќ за неговиот избор на чело на Владата на Србија.

„Честитки до новиот премиер на Србија, Милош Вучевиќ. Со нетрпение очекувам да работам со вас, со министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ и српската влада за да ја придвижиме Србија напред на нејзиниот пат кон ЕУ“, напиша Борел.

Пратениците на Собранието на Србија на 2 мај ја избраа новата Влада на чело со Милош Вучевиќ, кој пред неколку дена предупреди дека Србија нема да ги менува претходните позиции во однос на Русија и Косово.

Борел нагласи дека „усогласувањето и дејствувањето во согласност со вредностите на ЕУ и надворешната и безбедносната политика се суштински знаци за стратешка ориентација“.

ЕУ неколку дена порано официјално ја услови интеграцијата на Србија со нормализација на односите со Косово.

Вучевиќ еден ден пред да се изгласа неговата Влада, рече дека очекувањата на ЕУ се поврзани со тоа Србија да се „понижи“ себеси со признавањето на независноста на Косово и да се приклучи на санкциите против Русија поради окупацијата на Украина.

Сепак, тој нагласи дека Србија нема да се приклучи кон санкциите против Русија.

„Нема сомнеж дека притисоците ќе продолжат, можеби ќе се засилат, но ние сме решени да останеме на истите позиции. Србија не може и нема да се откаже од пријателството со Русија, чиј народ го сметаме за братски, како што е случајот со Украинците. Јасно го осудивме рускиот напад врз Украина, но изјавивме дека нема да се приклучиме на политиката на санкции“, рече Вучевиќ.

Новиот српски премиер, ќе има кабинет кој ќе го сочинуваат 25 министри и пет министри без ресор. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инаетот на политичарите го остава Охрид без јавна катна гаража

Следно

„Нетанјаху измислува оправдувања за продолжување на нападите на Газа“

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop