„Нетанјаху измислува оправдувања за продолжување на нападите на Газа“

May 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, изјави дека израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, измислува причини за да ја продолжи војната во Појасот Газа, да ги прошири судирите и да ги саботира напорите за прекин на огнот што се спроведуваат преку посредници, известува Анадолу.

Ханије во писмена изјава се осврна на темата за прекин на огнот во Газа и за тековните преговори во Каиро, главниот град на Египет.

Лидерот на Хамас нагласи: „Нетанјаху измисли оправдание за продолжување на нападите на Газа, проширување на судирите и саботирање на напорите за прекин на огнот“.

Тој наведе дека движењето Хамас, на чие чело се наоѓа, и понатака е подготвено да постигне договор за крај на нападите на Газа, гарантирање на повлекување на Израел и размена на заробеници.

Истакнувајќи дека Хамас покажал позитивен и флексибилен став пред преговорите во Каиро кои се во тек, Ханије напомена дека ги продолжиле контактите со посредниците и со другите групи на отпор.

Ханије, исто така, изјави дека САД требаат да ја запрат војната наместо на Израел да му дават на оружје за уништување и геноцид.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњуфца: ЕУ со нетрпение очекува да работи со српската влада, а не е подготвена да ги укине мерките кон Косово

Следно

Со огномети, звуци на камбаните, кршење црвени јајца – православните верници го слават Велигден

Latest from Blog

Таневски: Битола уште еднаш покажа дека е вистински фудбалски град

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, упати благодарност до Битола и до навивачите за поддршката која ја доби репрезентацијата на вчерашниот натпревар. Таневски истакна дека атмосферата од трибините им

Димитриеска-Кочоска: Ги отвораме вратите за нови инвестиции и економско поврзување со Шведска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Сулстром, на која било разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји. Како што информира Димитриеска-Кочоска, фокусот

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре
Go toTop