Комесарката Мијатовиќ со писмо до Собранието ги повика пратениците да го донесат законот за признавање на родот на трансродовите лица

July 7, 2023
1 min read

Писмото е упатено до претседателот на Собранието Талат Џафери, до претседателката на Комисијата за политички систем Соња Мираковска, до претседателката на Законодавно-правната комисија Снежана Калевска-Ванчева и до пратеничката-известувач за законските измени Маја Морачанин

Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ упати писмо до македонското Собрание во кое силно ги охрабрува напорите да се донесе легислатива во согласност со стандардите на Советот на Европа за законско признавање на родот на трансродовите лица.

Писмото е упатено до претседателот на Собранието Талат Џафери, до претседателката на Комисијата за политички систем Соња Мираковска, до претседателката на Законодавно-правната комисија Снежана Калевска-Ванчева и до пратеничката-известувач за законските измени Маја Морачанин.

„Комесарката смета дека усвојувањето на претстојните измени на Законот за матична евиденција би претставувало клучен чекор во извршувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот X против Македонија од 2019 година, во која Судот утврди повреда на член 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за човекови права поради отсуство на брзи, транспарентни и достапни процедури во националното законодавството за признавање на родот. Комесарката нагласува дека извршувањето на пресудите на Судот е камен-темелник на заштитата на човековите права во регионот на Советот на Европа“,

се вели во соопштението на Советот на Европа.

Според комесарката Мијатовиќ, пристапот до законско признавање на родот е од клучно значење за да се спречи дискриминација и насилство врз транс луѓето.

Таа исто така ја подвлекува клучната улога на членовите на парламентот во борбата против предрасудите и нетолеранцијата против ЛГБТИ лицата и ги повика да се спротистават на притисокот од групи кои сакаат да го поткопаат целосното почитување на човековите права.

Предложениот закон за матична евиденција, како и оној за родова еднаквост, беа повод минатата недела МПЦ-ОА да организира протест, нагласувајќи дека тие претставувале сериозна закана за општеството.

„Ние не сме против никого, особено не против остварувањето нечии права. Протестираме за тоа што е спорно во законите, сметаме дека сериозна реализација можеби ќе придонесе за поголемо остварување на нечии права, поединци, но тоа сериозно би ги загрозило правата на мнозинствата, или 99 проценти од населението во Македонија“,

рече епископот Стобиски пред протестот.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, посочи дека двата закона се повлечени од собраниска процедура. Според неа, со законот за родова еднаквост не се опфатени прашањата како што се менување на полот или истополовите бракови, на што во своите настапи сугерираат претставниците на МПЦ-ОА. Вистината за Законот за родова еднаквост е дека ја унапредува положбата на жените во сите сфери на општественото, истакна Тренчевска.

Што се однесува до законот за матична евиденција, министерката информираше дека во март 2022 Владата на седница донела одлука да се повлече од собраниска процедура за да се прошири консултативниот процес и да се изнајде решение кое ќе одговара на сите засегнати чинители во општеството. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на лице што е трансродово да може да ја смени дознаката во матичниот број, онаму каде што се обележува полот, односно родот – женски или машки.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Српски моторџии тргнаа кон Косово, специјалци ги спречија на „Јариње“

Следно

Започна средбата помеѓу Зеленски и Ердоган

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop