Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

July 9, 2025
1 min read

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро.

Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Почитувани инволвирани професионалци и граѓани кои денес бевте во првите борбени редови со пламените јазици,

Дозволете ми да упатам неизмерна и искрена благодарност до сите вас – инволвираните пожарникари, институциите и граѓаните кои со својата ангажираност и пожртвуваност дадовте клучен придонес во справувањето со пожарот кај село Николиќ.

Од срце, изразувам длабока наклоност и благодарност до Доброволното противпожарно друштво “Дојран” и сите храбри пожарникари кои се дел од него. Вашиот професионализам, координација и истрајност се пример за вистинска служба на јавниот интерес.

Исто така, особена благодарност упатувам до противпожарните единици од општините Гевгелија, Богданци, Валандово, Струмица, Кавадарци и Неготино за несебичната помош и пожртвуваност во борбата со огнената стихија.

Упатувам благодарност и до владата на соседна Р. Грција и надлежните грчки служби, кои испратија два противпожарни авиони, две противпожарни возила и осум пожарникари за да помогнат во оваа борба.

Неизмерна почит и благодарност до сите инволвирани граѓани на општина Дојран кои покажаа немерлива храброст во борбата со пламените јазици.

Особено, упатувам голема благодарност и сакам да ги истакнам жителите на село Николиќ, кои се најдиректно погодени од пожарот, но не отстапија – туку со личен ангажман, присуство и поддршка дадоа значаен придонес во гаснењето на пламената стихија. Вашата сплотеност, одлучност и одговорност се пример за сите нас.

Ве информирам дека на вечерашниот состанок со кризниот штаб беа утврдени превентивни мерки за спречување на повторно разгорување на жариштата и нивно ширење.

Поконкретно: Припадници на АРМ ќе бидат дежурни на терен во текот на целата ноќ, заедно со дел од противпожарните единици.

Во раните утрински часови сите противпожарни единици повторно ќе излезат на терен со цел да се стави крај на оваа борба.

Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата на терен и во координација со надлежните служби, да дејствуваме секаде каде што е потребно.

На крајот, дозволете ми уште еднаш да упатам искрена и длабока благодарност до сите кои беа дел од оваа интервенција. Вашата несебична пожртвуваност и вашата работа ја штитат безбедноста на нашите граѓани, но и достоинството на општината и државата, напиша Ангов на својот фб профил

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Следно

Вкупно 52 пожари низ Македонија – активни 10, под контрола 4, изгаснати 38

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop