Кичево-Охрид како автопат од мермер, за еден километар 9 милиони евра

February 8, 2024
1 min read

За изградба на само еден километар од автопатот Кичево – Охрид се трошеле по 9 милиони евра. Ова го покажуваат анализите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Јавното претпријатие за државни патишта за 2022 година. И покрај дополнителен заем од 180 милиони долари, пролонгирањето на изградбата за уште 6 години и зголемување на вредноста на договорот за 45%, делницата Кичево – Охрид од околу 56 километри, сè уште не е изградена.

„За изградба на 1 километар од оваа патна делница, до крајот на 2022 година инвестирани се приближно 9 милиони евра. До ноември 2023 година инвестираните средства достигнуваат износ од приближно 575 милиони евра…“, се наведува од Државниот завод за ревизија.

Како главни причини за доцнењето се наведуваат недостатоците на проектот, но и задоцнета експропријациј, потребата од дислокација на надземни и подземни инфраструктурни објекти. Немало доволен број технички кадар, ниту пак доволно механизација и опрема обезбедени од изведувачот, односно подизведувачите.

„До денот на завршување на ревизијата на прва, втора и четврта подделница на делницата Кичево – Охрид се појавиле 11 нови свлечишта, а можни се и нови…“, додаваат од ДЗР.

Ревизија утврдила и неправилности во работењето на Јавното претпријатие со кое ракводи, Ејуп Рустеми, кадар на ДУИ. Најголемиот дел од материјалните средства на ЈП за државни патишта или 46% се однесуваат на документации, експропријации, градби, реконструкција и рехабилитација на патишта и надзор.

„…Oд 2015 до 2022 година направени се вложувања во проекти и недовршени градби, трошоци по основ на камати, еднократни и провизии за неповлечени средства, експропријации и други непознати трошоци, приближно од 31 милион евра за кои не е позната потребата од нивна набавка и нивната употребна вредност“, велат од ДЗР.

Во ревизија за работењето на Јавното претпријатие за државни патишта се констатира и дека парите од патната такса од регистрација на моторни возила, нецелосно се трансферираат до општините, иако законски им припаѓаат. Не се распределени приближно 58 милиони евра.

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За утре најавено разрешување на министрите „про-Таравари“, Меџити и Алиу

Следно

Во Албанија разбиена криминална група за трговија со луѓе и фалсификување американски визи

Latest from Blog

Кој е Моџтаба Хамнеи, новиот врховен лидер на Иран? Со години живеел „под радарот“

Моџтаба Хамнеи е потврден како нов Врховен водач на Иран – само трет во историјата на Исламската Република. Наследникот на убиениот ајатолах има 56 години го наследува својот татко, ајатолахот Али Хамнеи,

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава

Вкупно 151 патник пристигна вечерва на скопскиот аеродром  од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи”. Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија,

Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани

На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани. Патниците ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Со овој организиран лет од Обединетите

Од пораз до победа: Столе и Валенсија со два гола во судиско продолжение до победа!

фото: Valencia CF (X) По голема борба до самиот крај, Столе Димитриевски и неговата Валенсија од пораз, стигнаа до победа во судиското надополнување на домашен терен во исклучително важниот натпревар со Алавес
Go toTop