КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ХОТЕЛ – ГЕВГЕЛИЈА СТАНА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА ФК „КОЖУФ“

September 1, 2023
1 min read

На голема радост на Гевгеличани ФК „Кожув“ доби генерален спонзор. Компанијата Макотен ДООЕЛ Гевгелија, како носител на светски реномираниот австриски бренд „Новоматик“ во чија групација е и „Казино Фламинго“ во Македонија, одлучи да ги поддржи амбициите на менаџментот и спортскиот колектив на ФК „Кожув“.

Настрана од средствата, кои задолжително се слеваат во државниот буџет од приредувачите на игри на среќа за финансиските програми на Агенцијата за млади и спорт, Казино „Фламинго“ хотел – Гевгелија продолжува да го подржува развојот на македонскиот спорт. Нема никаква дилема дека поддршката за професионалниот спорт значи и сериозен придонес во правилниот развој и воспитување на младите. Младите генерации гледаат свои идоли во професионалните спортисти и вообичаено се идентификуваат со индивидуалните и колективни спортски успеси.

ФК „Кожув“ е вистинска гордост на македонскиот спорт и претставува синоним за фудбалската традиција во регионот. Основан е пред повеќе од 1 век во далечната 1922. Без разлика што во моментов се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига, овој клуб отсекогаш бил расадник на млади таленти.

Со оваа одлука за генерално спонзорство продолжува партнерството на Казино Фламинго Хотел – Гевгелија со локалната заедница. Оваа компанија веќе 17 години приредува игри на среќа во грандиозен хотелски комплекс на граничниот премин Богородица и речиси 4 години во срцето на Скопје, на плоштадот Македонија во хотелот „Мериот“, каде е сопственик на истоименото „Казино Фламинго“. Дел е од исклучително успешната Групација „Новоматик Македонија“. Овој светски бренд во индустријата  игри на среќа, без разлика на сериозните економски последици од повеќегодишната здравствена и енергетска криза, никогаш на отстапи од корпоративното мото – секогаш општествено одговорна компанија! „Казино Фламинго“ со години наназад е сигурен партнер на заедницата и во континуитет подржува различни граѓански иницијативи, проекти и реализира бројни хуманитарни и донаторски активности. Како претставници на „Новоматик“, реномирана ЕУ компанија, „Казино Фламинго“ продолжува да манифестира висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот и културата.

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД: Двајца загинати во вооружен напад во трговски центар во Тексас

Следно

Маричиќ: После Блед 2030 година стана реална за влез во ЕУ, конфузија настанува од оние кои бараат „влакно во јајцето“

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop