САД: Двајца загинати во вооружен напад во трговски центар во Тексас

September 1, 2023
1 min read

ОСТИН (АА) – Две лица загинаа, а тројца се повредени во вооружен напад во трговски центар во градот Остин, во американската сојузна држава Тексас, пренесува Анадолу.

Градските служби за итна медицинска помош објавија соопштение во врска со вооружениот напад извршен во трговскиот центар.

Во соопштението се нагласува дека во вооружениот напад загинале 2 лица, додека 3 лица се повредени, од кои едно е во тешка состојба.

Полицијата преку платформата X соопшти дека сѐ уште не е фатен напаѓачот.

Исто така, полицијата упати апел до очевидците доколку имаат фотографија или снимка во врска со нападот да ја достават до полициските сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арда се опоравува од повредата со асистенција од подмладокот на Модриќ (ВИДЕО)

Следно

КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ХОТЕЛ – ГЕВГЕЛИЈА СТАНА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА ФК „КОЖУФ“

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop