Маричиќ: После Блед 2030 година стана реална за влез во ЕУ, конфузија настанува од оние кои бараат „влакно во јајцето“

September 1, 2023
1 min read

реклама



Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека после форумот во Блед, 2030 година веќе е реална година после изјавите на Шарл Мишел и Емануел Макрон.

„После Блед мислам дека 2030 е реална година. Да следуаат 5-6 години преговори, потоа ратификација на договорите и на крај членство. Тука се Украина и Молдавија, земји со големо стратешко значење, но и државите од Западен Балкан кои се надеваат 20 години. Притисокот е преголем, моментот е вистински, и неслучајно сега доаѓаат изјавите на Мишел и Вархеи кои кажаа дека 2030 година е реален рок. Конфузијата настанува од оние кои сакаат да најдат лоша вест во добрата вест, влакно во јајцето, нешто во кое ќе се разочараме. Изјавата е пресвртница и треба да ја искористиме“, вели Маричиќ.

реклама

Тој кажа дека говорот на Макрон „Европа во повеќе брзини“ не е ништо ново.

„Макрон тоа што го кажува не е нова идеја. Јас деновиве читав за да се потсетам, уште во 1994 година на заедничка прес-конференција тогаш на Митеран и Кол, се зборува за Европа во повеќе брзини, а тоа е идеја претставена пред се од француските политичари, дека одредени држави членки не се подготвени секогаш да одат подлабоко во интеграцијата. Во тоа време Британија, Шведска и Данска не сакале да го воведат еврото, а Шведска и Данска денеска и натаму не го користат еврото. Ние можеме побрзо да пристапиме кон ЕУ, а да ги немаме сите оние права и привилегии веднаш, туку етапно да ги добиваме“, изјави Маричиќ.

реклама

реклама

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ХОТЕЛ – ГЕВГЕЛИЈА СТАНА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА ФК „КОЖУФ“

Следно

„КАЈМАК” НА МАНЧЕВСКИ СО НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА СИНЕКВЕСТ ВО САД, ЌЕ ИГРА И ВО АВСТРАЛИЈА

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop