Израелската армија продолжува со упадите на Западниот Брег додека во Газа трае хуманитарната пауза

November 24, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската армија денес ги продолжи своите воени упади низ окупираниот Западен Брег додека хуманитарната пауза во Газа започна рано утринава за привремено запирање на борбите во опколената енклава, јавува Анадолу.

Според репортерот на Анадолу на терен, израелската армија извршила упади во неколку градови и населени места на Западниот Брег и уапсила неколку Палестинци.

Во меѓувреме, палестински медицински извори за Анадолу изјавија дека најмалку еден Палестинец е повреден за време на израелска рација во подрачјето на старото јадро на градот Наблус.

Очевидци за Анадолу, исто така, изјавија дека израелските сили уапсиле двајца Палестинци при упад во Наблус.

Израелските сили запалија два палестински автомобила пред нивното повлекување од градот.

Тензиите се зголемија низ Западниот Брег откако избија борбите меѓу палестинските групи на отпорот и Израел во Газа на 7 октомври.

Хуманитарната пауза во Појасот Газа започна утрово во 7 часот по локално време.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЗО: Кина даде податоци за респираторните заболувања и жариштата на пневмонија кај децата, не се откриени невообичаени патогени

Следно

Со започнувањето на хуманитарната пауза во Појасот Газа, раселените Палестинци тргнаа да ги видат своите домови

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop