Со започнувањето на хуманитарната пауза во Појасот Газа, раселените Палестинци тргнаа да ги видат своите домови

November 24, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Со стапувањето на сила на хуманитарната пауза во конфликтот меѓу Хамас и Израел утринава, илјадници Палестинци, кои беа раселени по неколкунеделните израелски напади на Појасот Газа, почнаа да се враќаат во своите домови за да го проверат својот имот и да ги побараат членовите на семејството, јавува Анадолу.

Репортер на Анадолу јавува дека многу Палестинци ги напуштиле училиштата каде што барале засолниште од израелските напади што траеја од 7 октомври до стапувањето на сила на четиридневната хуманитарна пауза утринава за размена на затвореници и праќање помош во блокираниот Појас Газа.

По жестоките израелски напади многу Палестинци во густо населениот Појас Газа изгубија контакт со членовите на семејството поради постојаните прекини во комуникацијата и ограниченото движење.

Израелската армија утринава фрли летоци на јужниот дел на Појасот Газа со предупредување до Палестинците да не се преселуваат во северниот дел на Појасот бидејќи тој сѐ уште е воена зона.

Четиридневното хуманитарно примирје меѓу израелската армија и Хамас стапи на сила утринава во сите области на Појасот Газа, со што привремено беа запрени нападите за размена на затвореници и испорака на помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија продолжува со упадите на Западниот Брег додека во Газа трае хуманитарната пауза

Следно

Приведена група разбојници на подрачјето на скопски Карпош

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop