Иран го повика вршителот на работи на Шведска за палењето на Куранот

June 30, 2023
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Иран го повика шведскиот вршител на работи за протест против палењето примерок од Куранот во Шведска, пренесува Анадолу.

Шведскиот претставник беше повикан во Министерството за надворешни работи каде што му е укажано да се спречат навредите на моралните и верските вредности на муслиманите, јави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Шведскиот дипломат го потврди противењето на неговата земја на секаква форма на исламофобија, нагласувајќи дека протестот од страна на Техеран ќе го пренесе во Стокхолм.

Лицето идентификувано како Салван Момика во средата запали примерок од Куранот под полициска заштита пред џамија во Стокхолм.

Сквернавењето е темпирано да се совпадне со Курбан бајрам, еден од најголемите исламски верски празници што го одбележуваат муслиманите низ светот.

Актот предизвика голема осуда од исламскиот свет од Туркије, Јордан, Палестина, Саудиска Арабија, Мароко, Ирак, Иран, Пакистан, Сенегал, Мароко и Мавританија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ексградоначалникот на Центар, Тодоровиќ и повеќе лица уапсени за случајот „Скопје 2014“

Следно

Топлотниот бран во Мексико усмрти најмалку сто луѓе

Latest from Blog

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop