Ексградоначалникот на Центар, Тодоровиќ и повеќе лица уапсени за случајот „Скопје 2014“

June 30, 2023
2 mins read

Синоќешната акција, како што се дознава неофицијално, е во врска со набавката на опрема за мостот „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“ на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ на експремиерот Никола Груевски, за кој случај отвори поранешното Специјално јавно обвинителство

Поранешниот градоначалник на Општина Центар и сопственик на синџирот маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, заедно со уште неколку лица е приведен во акција на Обвинителството на гонење организирана криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и на Министерството за внатрешни работи, а поврзана со предметот познат во јавноста како „Скопје 2014“.

Поранешниот градоначалник на општина Центар и сопственик на синџирот маркати „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ

Информацијата за приведувањето на Тодоровиќ за „360 степени“ ја потврдија од ОЈО ГОКК, но оттаму не сакаа до овој момент да соопштат повеќе детали бидејќи сè уште постапуваат.

Повеќе информации оттаму најавија за подоцна, односно, како што ни соопштија оттаму денеска попладне ќе биде одржана и прес-конференција во врска со случајот.

„Денеска петок (30.06.2023 година) со почеток во 13 часот во Јавното обвинителство на РСМ  ќе се одржи прес-конференција во врска предметот во јавноста познат како проект ’Скопје 2014’. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја презеде надлежноста на предметот по згаснувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со одлука на Јавниот обвинител на РСМ по предметот продолжи да постапува јавниот обвинител Љубомир Лапе кој ќе ве запознае со текот на постапката“,

соопштија од Јавното обвинителство.

Според првичните неофицијални информации што ги пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на свои извори од истрагата, Тодоровиќ бил приведен на скопскиот аеродром, а во акцијата се приведени повеќе лица, меѓу кои поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев. Тој, според првичните неофицијални информации, бил приведен на граничниот премин „Табановце“, на македонско-српската граница.

Синоќешната акција, како што се дознава неофицијално, е во врска со набавката на опрема за мостот „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“ на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, за што случајот првично го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, а потоа премина во рацете на ОЈО ГОКК.

Според првичните информации, Тодоровиќ и другите приведени денеска треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка. До овој момент тие се уште не се спроведени во Основниот кривичен суд Скопје.

Акцијата утрово ја потврдија од Министерството за внатрешни работи, од каде информираат дека се уапсени пет лица.

„Вчера (29.06.2023) во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл. 273 ст. 5 и чл. 353 ст. 5 од Кривичниот законик. Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка“,

информираат од МВР.

Инаку, членот 273 од Кривичниот законик се однесува на кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело, додека членот 353 е за злоупотреба на службената положба и овластување.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вештачкиот засладувач аспартам ќе биде прогласен за канцероген

Следно

Иран го повика вршителот на работи на Шведска за палењето на Куранот

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop