ИО на СДСМ: Ковачевски овластен да разговара со партиите за техничка влада, Митрески кандидат за претседател на Собранието

December 10, 2023
1 min read

реклама


Извршниот одбор на СДСМ вечерва со акламација го избрал Јован Митрески за кандидат за претседател на Собранието, а претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски добил овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада. Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски ќе биде шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ. 

-Извршниот одбор на СДСМ го потврди предлогот на претседателот Ковачевски и кандидат за нов претседател на Собранието го избра со акламација Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ. Митрески е долгогодишен пратеник, со големо искуство, отворен, чесен и посветен на интересот на граѓаните и на државата докажан во целиот негов досегашен ангажман во Собранието. Сигурни сме Митрески ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните, изјави портпаролот на партијата Дарко Каевски.

реклама

Претседателот на СДСМ Ковачевски, како што рече Каевски, добил овластувања за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада, која е законска обврска. 

-СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска влада, рече Каевски. 

реклама

Извршниот одбор го задолжил генералниот секретар Зечевиќ да спроведе подготовка на роковник за постапка, начин и критериуми за избор на кандидат за претседател на претседателските избори согласно статутот на партијата. 

Каевски посочи дека во наредниот период овие одлуки се очекува да бидат потврдени на седница на Централниот одбор на партијата што ќе се одржи до крајот на овој месец.    

реклама

Пред седницата на Извршниот одбор изјава за медиумите даде премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сè уште не е изготвен обдукцискиот наод за Вања – велат од Јавното обвинителство

Следно

Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието, Зечевиќ шеф на изборниот штаб на СДСМ

Latest from Blog

Кина вели дека договорот меѓу САД и Иран треба да заврши во ОН

Американските и другите меѓународни претставници изразија претпазлив оптимизам во последните денови за напредокот во разговорите за прекин на конфликтот. Ванг рече дека Кина се надева дека сите вклучени страни ќе останат посветени

Петровска: Министерката за финансии бега од одговорност за задолжувањето со нејзиното неприсуство

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, оцени дека задолжувањето од 260 милиони евра се носи во нетранспарентна постапка и предупреди дека средствата можеби нема да бидат искористени за развојни проекти. „Во овие неколку

Димитровски: Лажните вести нема да ја запрат модернизацијата на Битола

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку јавно обраќање упати критики кон, како што наведе, „лажните вести и кочничарите“ кои ја критикуваат реализацијата на велосипедската инфраструктура во градот. Димитровски посочи дека Битола

Израелската армија тргна во акција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел го зголемува интензитетот на воените операции во Либан со заземање стратешки позиции и зајакнување на безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни
Go toTop