Сè уште не е изготвен обдукцискиот наод за Вања – велат од Јавното обвинителство

December 10, 2023
1 min read

„Обдукцискиот наод сè уште не е изготвен и доставен до Обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат“, велат од Јавното обвинителство

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје апелира во текот на истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката.

„Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод сè уште не е изготвен и доставен до Обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат“,

велат од Обвинителството.

Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста. Повикот од Обвинителството доаѓа откако викендов од медиуми во соседството беа пласирани наводно нови сознанија за случајот, кои беа пренесени во земјава.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 (Вања) и 24 ноември (Панче), а потоа беа пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо чека да биде екстрадиран од Турција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се уште не е изготвен обдукцискиот наод за Вања – велат од Јавното обвинителство

Следно

ИО на СДСМ: Ковачевски овластен да разговара со партиите за техничка влада, Митрески кандидат за претседател на Собранието

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop