ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди кандидатите за техничката влада, партијата нема да го гласа Џафери

January 25, 2024
1 min read

Кои се Панче Тошковски и Ѓоко Велковски предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе седнат на министерските столчиња на Илинденска бр 2? 

Тошковски, кој е предложен за прв човек во МВР и брои денови да застане на местото на Спасовски е актуелен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен адвокат. Политичко изненадување без беграунд во полициските структури. Можеше да се види во судниците како бранител на дел од обвинетите во случаите што ги отвори СЈО. Работел и во министерството за транспорт и врски, но бил и ангажиран како адвокат на ЕСМ во времето кога Христијан Мицкоски раководеше. 

Второто министерско решение е Ѓоко Велковски. Ќе застане на чело на министерството за труд и социјална политика. Генсек на Град Скопје до септември 2022 год, а замина од функцијата порачувајки дека е разочаран од Арсовска, која пак му возврати порачувајки дека е разрешен поради корупциски скандал. Ги отфрли обвинувањата на Арсовска како клеветнички и најави тужба против градоначалничката. 

Предложени се и тројца заменици министри, за финансии, за администрација и за земјоделство. 

За заменик министер за финансии е предложена Елена Петрова, економист со работно искуство во Управата за јавни приходи. За заменик министер за информатичко општество и администрација е предложен Стефан Андоновски, меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје. А во министерството за земјоделство, очекувано, влегува Цветан Трипуновски, кој и во претходната техничка Влада ја извршувше истата функција.

Од СДСМ денеска им порачаа дека ДПМНЕ нема програмска понуда, ниту кадровски потенцијал. 

– ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри. Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје а дел се кадри од времето на Груевски. – изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги објави своите кандидати за техничката влада, веднаш по оддржувањето на седницата на Извршниот Комитет на партијата, каде беа потврдени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претставничкиот дом на Флорида изгласа да се ограничи пристапот на деца до социјални медиуми

Следно

Сараево, по Њу Делхи е вториот најзагаден град во светот

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop