Германците бараат инфраструктура па да инвестираат: „Во Македонија животот е подобар отколку во Франкфурт“

September 5, 2023
1 min read

реклама



Неби Изаири од Боговиње 33 години живее во Франкфурт. Има три фабрики за климатизација во Германија со 350 вработени, а од пред неколку месеци инвестираше во родното место. Фабрика за бакарни жици и цевки.

„Нашиот сон беше да стигнеме да инвестираме во нашиот роден крај и така да може децата некогаш да се вратат. Бидејќи не е целта само купи овде во Германија и да живееш овде, има живот, но животот е тежок.“, рече Неби Изаири.

реклама

Можностите за инвестирање во Македонија денеска беше претставена пред германската индустрија. Беше потенцирано дека германските компании се од голема помош за прилагодување на стандардите во македонската економија со тие на ЕУ.

„Го истакнавме високото ниво на економска соработка помеѓу Македонија и Германија како одлично искуство и за понатамошно зголемување на бројот на германски компании која е веќе повеќе од 200 компании кај нас кои имаат реализирано инвестиции и вработуваат над 22 илјади граѓани на кои редовно им се исплатуваат конкурентни плати.“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

реклама

Македонија е мала но флексибилна и стабилна држава, беше пораката упатена до германската бизнис заедница.

„Македонија е земја која располага со човечки потенцијал. Значи имаме луѓе кои се вредни, трудољубиви, луѓе кои сакаат да работат меѓутоа тие луѓе треба да се платат. Тоа беше нашата порака која ја пренесовме на инвеститорите денеска. И она што ме радува од вчера и денеска се потврди дека не е проблем да се обезбедат поголеми плати за нашите работници, сите оние стравувања кои се појавија во политичките деловните кругови дека растот на платите и нашето инсистирање за раст на платите ќе доведе до забавување на процесот на инвестирање, се покажува дека не е така.“, рече Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

реклама

„Можам да потврдам дека имавме голем број на мошне интересни разговори. Компаниите поставуваа конкретни прашања. Со каква работна сила располага Македонија, какви квалификации имаат работноспособните кадри, каква државна помош дава државата на потенцијалните инвеститори, навистина дојдовме до заклучоци, со конкретни прашања и конкретен интерес за соработка на нашиот пазар.“, вели Антје Ванделт, директор на АКХ Северна Македонија.

За германските инвеститори најголем интерес беше прашањето за поврзувањето со пристаништата во Драч и Солун, како и коридорите за набавка на суровина. Од вицепремиерот беа посочени проектите за коридорите 8 и 10, крајниот рок како и Паневропскиот кордиор.

„За производство носиме од Бугарија, таму нема автопат. Тоа е тешко. Каде што има автопати таму има и индустриски зони, може да се инвестира, каде што нема не може ниту да се инвестира. Се поскапо е и поскапо.“, изјави Неби Изаири.

За крај пораката од Изаири и копнежот да се врати во родната земја.

„Овде да живееш 10 години, но во Македонија е многу подобро. Ќе живееш и 150 години. Таму е добар животот…“, рече Изаири.

Известува од Франкфурт, Германија
Јовица Пауноски

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денот на независноста, 8 Септември, неработен ден за сите граѓани

Следно

„РОЛИНГ СТОУНС“ ГО ПОТВРДИ ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ПРВИОТ АЛБУМ СО ОРИГИНАЛНА МУЗИКА ОД 2005

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop