Германската економија влезе во рецесија

May 26, 2023
1 min read

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој претходно изрази уверување дека Германија направила доволно за да избегне пад на БДП, ги минимизираше стравувањата од продолжена рецесија

Германската економија влезе во рецесија, покажаа најновите официјални податоци, oткако инфлацијата и каматните стапки ја намалија побарувачката во најголемата европска економија.

Сојузниот завод за статистика Дестатис покажа дека германскиот бруто домашен производ (БДП) е намален за 0,3 отсто во првите три месеци од оваа година, на што, пак, му претходеше пад на БДП за 0,5 отсто во последниот квартал од претходната година.

Ова се случува откако Германија се соочи со покачување на цените на енергијата по руската инвазија на Украина, што ги оптерети домаќинствата, но и бизнисите.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој претходно изрази уверување дека Германија направила доволно за да избегне пад на БДП, ги минимизираше стравувањата од продолжена рецесија.

„Шансите на германската економија се многу добри“,

рече тој на прес-конференција.

Иако растот на цените во последно време е забавен, априлската стапка на инфлација од 7,2 отсто сè уште е висока.

Последната рецесија што Германија ја доживеа дојде кога пандемијата со ковид-19 ја зафати Европа на почетокот на 2020 година, принудувајќи ги властите да затворат големи делови од економијата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Четири жртви во пукање во Јапонија, осомничениот уапсен по 12 часа потрага

Следно

Авион безбедно слета во Јужна Кореја откако му се отворила вратата во текот на летот

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop