(ФОТОГАЛЕРИЈА) Стотици деца, свештеници и верници дел од бадниковите поворки во повеќе градови

January 6, 2023
1 min read

На децата кои беа дел од бадниковите поворки им беа поделени коледарски подароци

Коледари, пеејќи божиќни песни, утрово во пресрет на празникот Божиќ, во бадникови поворки ја најавија убавата вест за Христовото раѓање.

Најголемата бадникова манифестација се одржа во Скопје со празничен концерт на Градскиот плоштад „Македонија” каде што сите деца со нивните семејства беа пречекани со настапите на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Златно славејче, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм) и Пере (Нокаут).

По концертот се оформи бадникова поворка што преку Камениот мост се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, каде што сите коледарчиња беа дочекани и дарувани од неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Во Аеродром, бадниковата поворка беше пречекана пред општинската зграда каде градоначалникот Тимчо Муцунски на коледарите им подели коледарски подароци.

„Посакувам ваквото одбележување да прерасне во една убава традиција. Заедничка желба на сите нас е Бадник и Божиќ да донесат љубов, мир и разбирање“,

напиша градоначалникот Муцунски на својот инстаграм профил.

Бадникова поворка помина и во Општина Кисела Вода каде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им подели и коледарски пакетчиња на децата кои во огромен број ја пееја ,,Вечниот Бог”.

Пеејќи божиќни песни Бадникова поворка имаше и во Тетово. Стотици деца придружувани од свештени лица и верници поминаа по тетовските улици пеејќи ја „Вечниот Бог“.

Во пресрет на најголемиот православен празник Бадник, МПЦ заедно со свештениците од Кавадарци, организираа традиционална бадникова поворка на која учествуваа над 150 деца учесници придружувани од свештени лица.

Над 120 дечиња кои учествуваа во Бадниковата поворка, исполнувајќи ја Божиќната песна „Вечниот Бог“ продефилираа и низ кочанските улици. Поворката беше примена од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој им подари коледарски пакетчиња.

Свечени бадникови поворки со стотици деца се организираа и во останатите градови во државата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Малото детско игралиште во Дебар Маало доби нова вештачка трева

Следно

Талибанците до принцот Хари: Kоментарите на принцот се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop