Талибанците до принцот Хари: Kоментарите на принцот се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа

January 6, 2023
1 min read

Мемоарите на Хари беа пуштени во продажба во Шпанија неколку дена пред глобалното објавување, што е закажано на 10 јануари

Талибанската Влада упати критика кон британскиот принц Хари, кој во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе за време на неговата воена служба во Авганистан, кои ги опиша како „шаховски фигури отстранети од таблата“.

„Западната окупација на Авганистан е навистина одвратен момент во човечката историја, а коментарите на принцот Хари се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа додека окупаторските сили убиваат невини луѓе без никаква одговорност“,

изјави портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки.

Мемоарите на Хари беа пуштени во продажба во Шпанија неколку дена пред глобалното објавување, што е закажано на 10 јануари.

Во еден дел од книгата, 38-годишниот принц ги опишува своите два престоја во Авганистан. Тој првпат беше во Авганистан како контролор на летање во 2007/08 година и повторно во 2012 година, кога беше копилот во хеликоптери Апачи. Тој пишува за бројот на луѓе што ги убил во Авганистан.

„Тоа не е статистика што ме исполнува со гордост, но не можам да кажам дека ми е срам. Кога се најдов во жарот на битката, не мислев на луѓето, ги замислував како шаховски фигури отстранети од таблата, лошите момци се елиминирани пред да им се даде шанса да ги убијат добрите момци“,

пишува принцот Хари.

Тој во мемоарите пишува за недоразбирањата со неговиот брат, престолонаследникот Вилијам, како и за неговата употреба на дрога и како ја изгубил невиноста.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Стотици деца, свештеници и верници дел од бадниковите поворки во повеќе градови

Следно

Во делови во Македонија, пита со паричка се спрема за Василица

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop