Финансиска полиција ќе ја истражува Арсовска откако го накити Скопје за 30.000 евра без објавен тендер

December 21, 2023
1 min read

Финансиската полиција нареднава недела ќе отвори предмет за украсувањето на главниот град. Ова доаѓа откако Арсовска јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил само 30.000 евра.

Но она за што посебно падна во очи на јавноста е што на страницата за Јавни набавки нема тендер за украсување на Скопје што е законска обврска на секоја државна или јавна институција. Од Јавното обвинителство велат дека за да постапат, прво Финансиска ќе мора да оформи предмет.

– “Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки“ велат од Јавното обвинителство

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР: Министерството за надворешни работи ниту дава ниту одзема сертификат за безбедност, за тоа е задолжена ДБКИ

Следно

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 21 декември, Денот на наставата на турски јазик

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop