Согласно појавените реакции кон Министерството за надворешни работи поврзани со издавањето сертификат за безбедност на вработените во дипломатијата, дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи ниту дава ниту одзема сертификат за безбедност, стои во писмениот допис од МНР.

За тоа е задолжена Дирекција за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) која има законска надлежност и обврска, во соработка со други институции, да издаде нов, или да одземе веќе постоечки сертификат за безбедност од било која класа. Министерството за надворешни работи има обврска да реагира доколку одреден вработен со правосилна одлука остане без сертификат за безбедност.

Постапката за поседување сертификат за безбедност е обврска за сите вработени во дипломатијата, и таа се спроведува во континуитет. Информираме дека во последното известување од страна на ДБКИ, за двајца вработени во дипломатијата не е одобрен безбедносен сертификат.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.