Доделени првите решенија за субвенции на велосипеди во Илинден

April 11, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги додели првите решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски, Општина Илинден прв пат ја спроведува оваа мерка за субвенционирање на купување на велосипеди, со цел да се стимулираат граѓаните почесто да ги користат велосипедите и велосипедските патеки, заеднички да придонесеме за поздрава и почиста животна средина и здрави навики за живеење.

– Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година, која трае до 30 април оваа година поради што ги повикуваме сите заентересирани граѓани да поднесат барање и да ги искористат поволностите кои ги нуди Општината. Износот кој го доделува Општина Илинден како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед, соопшти општинската прес-служба.

Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи нов велосипед сметано од 01.03.2023  до 30.04.2023 година.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инцидент во Белгород: Падна дрон на руски аеродром во близина на украинската граница

Следно

Бројот на украински бегалци кои влегле во Полска надмина 11 милиони

Latest from Blog

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто

ВЛЕН: Намалувањето на царините со САД отвора нова ера на слободна трговија и економски раст

Коалицијата ВЛЕН оцени дека договорот меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави за меѓусебна трговска и енергетска соработка претставува историски чекор кој го зајакнува стратешкото партнерство и отвора нови можности за економски

Тудор на клупата на Тотенхем!

ФОТО: Инстаграм “Бомба“ на Островот. Хрватот Игор Тудор ќе стане нов менаџер на Тотенхем. Сите најдоверливи експерти за трансфери, вклучувајќи ги Фабрицио Романо, Давид Орнштајн и Џанлука Ди Марци, потврдија дека Тудор
Go toTop