Бројот на украински бегалци кои влегле во Полска надмина 11 милиони

April 11, 2023
1 min read

ВАРШАВА (АА) – Бројот на бегалци кои од Украина влегле во Полска заклучно со 10 април надмина 11 милиони, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Граничната гарда на Полска.

Во соопштението се нагласува дека забележана е интензивна миграција од почетокот на руско-украинската војна.

Според соопштението, само во текот на вчерашниот ден во Полска од Украина влегле 20.000 лица.

„Од почетокот на војната досега, бројот на лица кои од Украина преминаа во Полска надмина 11.000.000“, се вели во соопштението.

Според објавените податоци, бројот на Украинци кои ја напуштиле Полска изнесува 7.259.000.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доделени првите решенија за субвенции на велосипеди во Илинден

Следно

Осум милиони денари директна помош за спортистите и клубовите во Бутел

Latest from Blog

Мерц со предупредување: Веќе не постои светскиот поредок заснован на право и правила

Тој на отворањето на Минхенската безбедносна конференција рече дека Конференцијата отсекогаш била „сеизмограф на политичката ситуација“ и додаде дека во последните години сме сведоци на зголемени тензии и конфликти во светот, вклучително

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева
Go toTop