ДИК: Заклучно со вчера потпишани 14.360 граѓани, најмногу потписи за Османи, Димитриевски и Ванковска

February 25, 2024
1 min read

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 14.360 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата. Според објавените податоци на ДИК, досега никој од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните.

Според пресекот на ДИК, најмногу потписи има Бујар Османи, кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за кого се потпишале 5.405. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски со 3.613 собрани потписи. Кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има собрано 2.758 потписи, а кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски има 1.974 потписи.

Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат по помалку од илјада потписи – Вело Марковски има 249 потписи, а кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари 246 потписи. Според податоците од ДИК, во овие два дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Државната изборна комисија, соопшти дека од денеска, се додека трае собирањето потписи, еднаш дневно ќе прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно ќе се ажурира.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дачиќ со протестна нота за Хрватска поради атмосфера на омраза кон Србија

Следно

Штрајк во здравството ако нема линеарно зголемување на платите за сите

Latest from Blog

Битола доби нова традиција: Илјадници посетители уживаа на Винскиот фестивал

Со многу емоции, благодарност и позитивна атмосфера заврши првото издание на Вински фестивал Битола, манифестација која во изминатите денови собра голем број посетители, љубители на виното, музиката и добрата забава. Организаторите преку

VLEN shpalos pikat e platformës politike

Partia VLEN përmes një kumtese për media ka shpalosur në detaje të gjtha pikat e platformës politike, duke filluar me barazinë reale të shqiptarëne në çdo institucion. Nga VLEN theksojnë se do

Рубио: Куба ја одби хуманитарната помош, за сѐ е виновен режимот

Изјавата доаѓа во време кога Куба се справува со последиците од разорниот ураган, ослабената економија и продолжениот недостиг на гориво, објави „The Hill“. САД веќе обезбедија 6 милиони долари хуманитарна помош за

ВЛЕН официјално се обедини: Почнува нова политичка ера за Албанците во Македонија

На 9 Мај – Денот на Европа, албанската политичка сцена во Македонија доби ново поглавје. Коалицијата ВЛЕН официјално се трансформираше во единствен политички субјект, испраќајќи порака за обединување, европска ориентација и нов

ВЛЕН испрати силна порака од Конгресот: Еднаквост, правда и европска иднина

На 9 Мај – Денот на Европа, албанската политичка сцена во Македонија доби ново поглавје. Коалицијата ВЛЕН официјално се трансформираше во единствен политички субјект, испраќајќи порака за обединување, европска ориентација и нов
Go toTop