Џафери: Време е сите партии кои се за евроинтеграција, на дело да ја демонстрираат својата посветеност

October 20, 2023
1 min read

реклама


 По 17 години чекање, влегуваме во финалната фаза на процесот на пристапување. Го отпочнавме скринингот со Европската унија и веќе се наоѓаме во поодмината фаза, а сите досегашни извештаи се позитивни. Пред нас имаме уште еден предизвик, а тоа е промената на Уставот со цел да продолжиме со преговорите по Кластери, за кои очекуваме дека ќе наметнат забрзано темпо на реформите. Сметам дека сега е вистинското време за сите политички партии кои во своите програми се залагаат за евроинтеграција, да ја демонстрираат својата посветеност и на дело.

Ова го истакна претседател на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во воевдното излагање на отворањето на Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, што законопдавниот дом ја организира заедно со ПССЕ. Собранието, посочи тој, е клучната институција за демократизација на општеството и сите активности во себе ја содржат и парламентарната димензија. Преку неа се изразува волјата на граѓаните и се врши надзор и контрола на извршната власт на внатрешен и надворешен план.

реклама

-Работиме посветено на усогласувањето со европското законодавство во областа на човековите права, демократијата и владеењето на правото за исполнување на стремежот на граѓаните за интеграција во Европската унија. На овој наш пат, Советот на Европа е наш драгоцен партнер и силна поддршка, рече Џафери.

Паралелно со исполнувањето на европската агенда, како земја настојуваме да останеме позитивен пример за добрососедските односи преку создавање на долгорочни партнерства. Добрососедските односи и активната улога во регионалната соработка, додаде тој, се наша долгорочна стратешка определба а потврда на тоа се нашите заложби за унапредување на меѓусебната соработка и решавањето на отворените прашања со соседите преку дијалог, разбирање и компромис.

реклама

Тој подвлече дека Република Северна Македонија, како претседавач и глас на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), дава придонес и во решавањето на прашањата од глобален интерес во овие турбулентни времиња.

-Верувам дека ќе се согласите дека геополитичките промени на европскиот континент потврдија дека политиката на проширување останува најдобрата алатка за мир, сигурност, стабилност и просперитет. Затоа апелирам, Европската унија и земјите-членки на Унијата да продолжат проактивно и решително да го поддржуваат процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан. Имајќи го предвид постигнатиот напредок во спроведувањето на клучните реформи, ни треба редовен взаемен дијалог со Унијата и јасна временска рамка за доделување на членство како признание на досега постигнатото. Сметам дека понатамошното одложување на процесот на пристапување би можело да го доведе во прашање угледот на Унијата како доверлив партнер и нејзината водечка геополитичка улога. Тоа остава простор за појава на националистички и ретроградни процеси и охрабрување за трети страни да го зајакнат својот интерес во регионот, потенцира Џафери.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел бомбардираше уште една џамија во Газа

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: „Снус“ – за малолетниците лесно достапен никотин плус

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop