БиХ: Поради сторено кривично дело „Геноцид“ во Зворник од слобода лишени седум лица

December 15, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Босна и Херцеговина (БиХ) денес од слобода лиши седум лица осомничени за кривичното дело „Геноцид“, односно за убиство на 800 муслимани во 1995 година по падот на безбедната зона прогласена од Обединетите нации во градот Сребреница, пренесува Анадолу.

Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) соопшти дека лицата се осомничени за сторени кривични дела под индивидуална и командна одговорност, како и за помагање во геноцид.

Уапсените по соодветното криминалистичко процесуирање ќе бидат предадени на Обвинителството на БиХ.

Според соопштението на Државното обвинителство, лицата се поранешни команданти и припадници на Зворничката бригада на Армијата на Република Српска.

„Осомничените се поврзани за пукањето и убиството на околу 800 Бошњаци кај Ораховац, по падот на Заштитната зона во Сребреница“, се наведува во соопштението.

На почетокот на овој месец, Државното обвинителство поднесе обвинение за геноцид против седум други лица, кои се поранешни команданти и членови на Армијата на Република Српска, за убиството на 65 лица во јули 1995 година.

Босанските муслимани се убивани кога силите на босанските Срби ја нападнаа Сребреница во јули 1995 година, и покрај присуството на холандските мировни сили.

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ја прогласи Сребреница за „безбедна зона“ пролетта 1993 година. Но, трупите предводени од генералот Ратко Младиќ ја презедоа зоната на ОН. Тој подоцна беше обвинет за воени злосторства, злосторства против човештвото и за геноцид.

Холандските трупи не успеаја да дејствуваат додека српските сили ја окупираа областа, убивајќи 2.000 мажи и момчиња само на 11 јули 1995 година.

Околу 15.000 жители на Сребреница побегнаа во околните планини, но српските војници гонеа и убија уште 6.000 цивили.

Телата на жртвите се пронајдени во 570 подрачја низ земјата.

Во 2007 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда дека во Сребреница е извршен геноцид.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Корупцијата и криминалот во Македонија немаат само име и презиме, имаат и средно име – Дуинг-СДСМ-Спасовски

Следно

Западните земји и ЕУ го осудуваат насилството од еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop