Западните земји и ЕУ го осудуваат насилството од еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег

December 15, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Група западни земји и Европската Унија (ЕУ) денес ги осудија насилните дејствија на екстремистичките еврејски доселеници кои ја тероризираат палестинската заедница на окупираниот Западен Брег, повикувајќи го Израел веднаш да преземе мерки проти рекордно високото насилство на доселениците, јавува Анадолу.

Во заедничката изјава на Австралија, Белгија, Канада, Данска, ЕУ, Финска, Франција, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Велика Британија, се повикува Израел да преземе итни и конкретни чекори за решавање на проблемот со насилството на доселениците на окупираниот Западен Брег.

Во изјавата се изразува сериозна загриженост поради рекордниот број напади на екстремистичките доселеници врз Палестинците на Западниот Брег.

„Од почетокот на октомври досега, доселениците сториле повеќе од 343 насилни напади, убивајќи 8 палестински цивили, ранувајќи 83 и протерувајќи 1.026 Палестинци од нивните домови“, се вели во соопштението.

Тие силно ги осудуваат насилните дејствија сторени од страна на екстремистичките еврејски доселеници, кои ја тероризираат палестинската заедница.

„Го повторуваме нашиот став дека израелските населби на окупираниот Западен Брег се незаконски според меѓународното право и го потсетуваме Израел на неговите обврски кон меѓународното право, особено според членот 49. на Женевската конвенција IV“, се наведува во заедничката изјава.

Во текстот се истакнува дека растот на насилството на екстремистичките доселеници над Палестинците е неприфатлив и дека Израел, како окупаторска сила, мора да го заштити палестинското цивилно население на Западниот Брег.

„Неуспехот на Израел да ги заштити Палестинците и кривично да ги гони екстремистичките доселеници предизвика опкружување на потполна неказнивост во кое насилството на доселениците достигна ниво без преседан. Тоа ја поткопува безбедноста на Западниот Брег и регионот и ги загрозува изгледите за траен мир“, се додава во изјавата.

Се наведува и дека „зборовите се важни, но сега мораат да се претворат во дела“, укажувајќи на соопштението на Израел по ова прашање објавено на 9 ноември „дека ќе преземе акции против насилните престапници“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БиХ: Поради сторено кривично дело „Геноцид“ во Зворник од слобода лишени седум лица

Следно

Забрана за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово и Гостивар-Стража-Кичево

Latest from Blog

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето
Go toTop