Бесими: Над 560 милиони евра од ЕИБ, ЕБОР и ЕУ за завршување на железничката пруга кон Бугарија и заеднички железнички премин на Табановце

December 12, 2023
1 min read

реклама


Над 500 милиони евра се обезбедени за реализација на значајни крупни инфраструктурни проекти во железничката инфраструктура. Петстотини милиони евра обезбедени за реализација на третата фаза од   железничката пруга на Коридорот 8 кон Република Бугарија и 7,5 милиони евра за изградба на заеднички железнички премин на Табановце. Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени преку Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ и од ИПА програма.   Законските решенија за реализација на овие финансиски средства вчера беа усвоени во Собранието, а денеска  беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со претставниците на овие две финансиски институции во земјава Фатих Туркменоглу на ЕБОР и Габриел Бјорн на ЕИБ.

„Владата и Министерството за финансии силно се посветени на реализација на крупни инфраструктурни проекти кои ќе обезбедат развој на државата. Во таа насока посветено се работи на обезбедување финансиски средства за реализација на вакви крупни инфраструктурни проекти кои ќе имаат придонес во економскиот раст не само додека се одвива нивната реализација, туку и долгорочно преку  нивното значење во поврзувањето и олеснувањето на транспортот. Затоа во последните неколку години во буџетите се проектираат високи износи на капитални инвестиции, кои годинава и следната се  два пати повисоки во однос на 2020 година“, рече министерот Бесими.

реклама

Тој се заблагодари на ЕИБ и ЕБОР за обезбедените финансиски средства за реализација на овие големи капитални проекти за нашата земја и воедно за севкупната поддршка што ја обезбедуваат овие две меѓународни финансиски институции за земјава која заедно достигнува скоро 4 милијарди евра.

За реализација на Проектот за Железничкиот Коридор 8 – Фаза 3, делница од Крива Паланка до граница со Република Бугарија се обезбедени финансиски средства во износ од 175 милиони евра од ЕБОР и 175 милиони евра од ЕИБ. За реализација на овој проект се обезбедени и 149,2 милиони евра инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ, како  и грант од ИПА 2 во износ од 60,77 милиони евра. Со овој проект целосно ќе заврши изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 до границата со Република Бугарија.

реклама

Во однос на проектот за изградба на заеднички железнички премин на Табановце, со Република Србија, обезбедени се средства во износ од 5 милиони од ЕБОР и 2,5 милиони евра грант од ВБИФ.

Во наредниот период се очекува да се потпишат финансиските договори со  ЕИБ и ЕБОР и ЕК за реализација на овие средства.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија ја опколи болницата Камал Адван на северниот дел на Појасот Газа

Следно

„Бата прес“ го објави романот за деца и млади „Лето на езерото Чиче“ од хрватската писателка Јасминка Тихи-Степаниќ

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop