Израелската армија ја опколи болницата Камал Адван на северниот дел на Појасот Газа

December 12, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската армија ја опколи болницата Камал Адван во северниот дел на Појасот Газа, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, пренесува Анадолу.

„Животите на пациентите во болницата се загрозени“, предупредува Министерството во соопштението.

Директорот на болницата Ахмад ал-Кахлут рече дека израелските сили стационирани во близина на објектот во градот Беит Лахиа „пукаат кон секој што ќе се обиде да влезе во болницата“.

„Израелската армија ја опколи болницата со тенкови и друго оружје и ги гаѓа сите патишта што водат до зградата“, изјави Ал-Кахлут за Анадолу.

Тој истакна дека две жени и две деца биле убиени во израелски напад врз породилиштето во болницата.

Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа на 1 декември по завршувањето на еднонеделното хуманитарно примирје постигнато со палестинската група Хамас.

Според податоците на здравствените власти во Газа, 18.205 Палестинци се убиени, а повеќе од 49.645 се ранети во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничен напад на Хамас.

Според официјални податоци, бројот на загинати Израелци во нападите на Хамас изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи: Треба да се укине позицијата прв вицепремиер

Следно

Бесими: Над 560 милиони евра од ЕИБ, ЕБОР и ЕУ за завршување на железничката пруга кон Бугарија и заеднички железнички премин на Табановце

Latest from Blog

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар
Go toTop