Арнаудоски: Констатирани 18 прекршоци на чамци, продолжуваат засилените контроли во Охридското Езеро

April 7, 2025
1 min read

Осумнаесет прекршоци за неисправност и непочитување на правилата за пловење изрече Капетанија на пристаништа, по засилените контроли во Охридското Езеро, информираат од Капетанија на пристаништата, соопшти Министерството за транспорт.
 
По извршените редовни и вонредни контроли над пловилата, се наведува, констатирани се прекршоци во делот на ноќно пловење како и претовар на патници.  

Илија Арнаудоски капетан во Капетанија на пристаништа најави засилени контроли на пловилата во соработка со езерската полиција. 
 
-Направени се три редовни надзори на бродови, четири вонредни надзори на катамарани, два вонредни надзори на пасари со надградба-тоа се бродови до 12 патници, како и 19 вонредни надзори на кајчиња. Од извршените вкупни надзори констатирани се 18 прекршоци на чамци и тоа за ноќно пловење, непоседување уверение за управувач на чамец, неистакната регистарска ознака и еден катамаран е казнет за претовар на патници.  Во следните месеци, а посебно во летниот период најавуваме зголемени инспекциските надзори во соработка со езерската полиција, вели Арнаудоски.

Тој повторно упати апел до сите учесници во внатрешната пловидба, навремено да ги регистрираат своите чамци, да ги извршуваат обврските на пловилата и да се придржуваат до правилата и мерките за безбедна пловидба, стои во соопштението од Министерството за транспорт.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати од торнадата и поплавите во САД се зголеми на 16

Следно

Владината мерка за испорака на јагнињата ги празни стадата, а граѓаните се соочуваат со високи цени пред Велигден

Latest from Blog

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop