Андонов во Аргумент плус: Не е добра идеја ДЗС и ЦУК да се спојат во една институција

April 4, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор Оливер Андонов во Аргумент плус рече дека кога се зборува за ризици и закани не треба да се заобиколуваат одговорностите.

Според него, до катастрофата во Кочани дополнително придонело и непочитуањето на знаењето на стручната фела. Тој зборуваеш и за тоа дека Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување не треба да се спојат во една инсистуција. 

„Кога зборуваме за ризици и закани, без разлика на научните достигнувања не можеме да ги заобиколиме одговорностите кои се темелат на законски обврски. Низ теоријата и праксата излегле тие закони. Дефинирани се и обврските на секоја од институција пооделно. Не само да читаме закони туку и да ја почитуваме фелата. До оваа катастрофа не доведе непочитувањето на знаењето на тие што учеле. Ние имаме школо за одбрана, имаме воена академија која подготвува луѓе за кризен менаџмент и ние немаме систем во кој луѓето се учат да бидат отпорни. Отпорноста ја чинат граѓаните не само државата“, рече Андонов.

Тој објасни и дека ЦУК и ДЗС не треба да се спојат во една институција.

„Најпрво во Кочани ЦУК има 10 вработени а ДЗС има еден вработен, ситауцијата треба да е обратна. ЦУК  не спроведува мерки за заштита и спасување и нема оперативни сили, ЦУК не треба да има 350 вработени, директорот треба да е стручен човек кој ќе процени ризици, треба да има штабови за управување со кризи. ЦУК И ДЗС треба да бидат посебни тела а не да се заедно. ДЗС е оперативен орган кој треба да е во состав на МВР а ЦУК да е посебно. Тоа е владина иснтитуција која треба да го намали бројот на вработени“, додаде Андонов.

Тој зборуваше и за неговиот учебник „Основи на процена на ризици и закани“ во кој се сублимирани теоретскиот и практичниот дел за прифатливи ризици, закани и планирање на кризи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шевченко ја обвини УЕФА: Не сакате да имате Украинец во раководството

Следно

Соравиа Инвест: Најавената аукција на Соравија бизнис центарот е незаконска, поднесена е тужба до ОЈО ГОКК

Latest from Blog

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува
Go toTop