Торнадо во Бразил: Загинаа пет лица, 130 повредени

November 8, 2025
1 min read

Торнадото што помина низ делови од општината Рио Бонито до Игуасу, во бразилската држава Парана, уби најмалку пет лица, а повреди околу 130 лица, објавија денес локалните власти.

Локалната метеоролошка служба објави дека торнадото превртело автомобили и оштетило куќи во Рио Бонито до Игуасу, а спасувачката служба изјави дека според првите извештаи, „30 лица се сериозно или умерено повредени, а околу 100 се здобиле со полесни повреди“, објавува порталот Баронс.

Ветерот во Рио Бонито до Игуасу, град со 14.000 жители, достигнал брзина помеѓу 180 и 250 километри на час, според податоците од Системот за технологија и мониторинг на животната средина на државата Парана.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции да го истражат случајот, законот за сите е ист – одговорност мора да има

Следно

Чудо од Косово ја воодушеви Европа: Звонимир Бобан сака да го донесе во Динамо!

Latest from Blog

Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и
Go toTop