Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

November 7, 2025
1 min read

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално време за шолја од неговиот омилен пијалок.

Неговата дневна рутина, која вклучува терапија со сина и црвена светлина, изложеност на УВ зраци и бројни додатоци во исхраната, би била доволна за да ја врати дури и најголемата ранобудна птица во кревет. Неговата исхрана, како што се очекуваше, е строго контролирана и се базира на зеленчук и додатоци во исхраната, па многумина се прашуваат каков е неговиот став за кафето.

„Кога“ е поважно од „колку“

Џонсон ги сподели резултатите од новата студија која ги истражуваше ефектите од пиењето кафе врз продолжувањето на животот. Истражувањето било спроведено на 40.725 возрасни лица низ САД во период од 20 години, од 1999 до 2018 година.

Студијата покажала дека оние што пијат кафе имаат 16 проценти помал ризик од смрт од која било причина, како и 31 процент помал ризик од кардиоваскуларни заболувања во споредба со оние што не пијат кафе.

„Ова е прва студија што ги тестира моделите на време на пиење кафе и здравствените резултати“, рече водечкиот автор д-р Лу Чи. „Нашите наоди покажуваат дека не е важно само дали пиете кафе или колку, туку и во кое време од денот го пиете. Ние обично не даваме совети за времето во нашите упатства за исхрана, но можеби треба да размислиме за тоа во иднина.“

Предупредување на Џонсон: Избегнувајте попладневно кафе

Сепак, како што вели Џонсон, постои енигма. Здравствените придобивки, имено, во голема мера зависат од времето од денот кога пиете кафе. Ако го пиете наутро, ги добивате сите придобивки, но ефектот ослабува ако го консумирате попладне или навечер.

Џонсон предупреди на социјалните мрежи дека пиењето кафе попладне може да ги „поништи“ неговите придобивки за долговечност.

„Кофеинот трае пет до шест часа во вашето тело“, објасни тој. „Тоа значи дека шолја кафе во 15 часот остава половина шолја кафе во вашето тело во 21 часот. Тој остаток од кофеин во вашиот систем може да ви го уништи сонот. И ако не сум рекол доволно, сонот е нешто број еден што можете да го направите за вашето целокупно здравје.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чеферин најави промена во квалификациите за ЕП и СП!

Следно

За многу години: Го славиме светиот великомаченик Димитриј

Latest from Blog

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат  нови околу 1200 нови добро платени работни места и тоа за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на

Магла на повеќе патни правци и на планинските превои Стража, Плетвар и Страцин

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а сите патни правци во државата се проодни.  Поради појава на магла намалена видливостдо 100 метри има на патниот правец Демир Хисар

Најмалку седум ученици загинаа во експлозија во близина на училиште во Авганистан (ВИДЕО)

Седум ученици загинаа, а уште 99 други беа повредени во силна експлозија во близина на училиште во покраината Кунар во североисточен Авганистан, потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Талибанците, Абдул
Go toTop