Шевченко ја обвини УЕФА: Не сакате да имате Украинец во раководството

April 4, 2025
1 min read

Претседателот на Украинскиот фудбалски сојуз, Андриј Шевченко, кој не влезе во новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на европски фудбалски сојузи (УЕФА), ја обвини организацијата дека не сака да има претставник од земјата во раководството. Коментарите на Шевченко ги пренесе прес-службеникот на федерацијата.

Конгресот на УЕФА се одржа на 3 април во Белград. Во гласањето за новиот состав на Извршниот комитет учествуваа 55 земји, вклучително и претставници од Норвешка, Холандија, Италија, Германија, Хрватска, Естонија и Ерменија.

-За жал, во последните неколку дена добивме сигнали дека поради политички фактори Украина, како и јас лично, нема да бидеме во раководството на УЕФА. Оваа загриженост ја потврдија и настаните за време на самиот конгрес, изјави Шевченко.

Шевченко (48) во текот на кариерата настапуваше за Динамо Киев, за италијански Милан со кој ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа, како и англиски Челси. Со лондонскиот тим го освои ФА купот, англискиот Лига куп и Суперкупот на земјата.

Добитник е на „Златната топка“ за 2004 година.

Од 2016 до 2021 година беше селектор на репрезентацијата на Украина, а ја предводеше и италијанска Џенова (2021-2022).

Од јануари стана претседател на Украинската фудбалска федерација. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина: На 14 се зголеми бројот на загинати во рускиот напад врз родниот град на Зеленски

Следно

Андонов во Аргумент плус: Не е добра идеја ДЗС и ЦУК да се спојат во една институција

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop