Амбасадата на САД во Македонија со порака до АРТАН ГРУБИ: Не си над законот и нема да те толерираме

December 9, 2024
1 min read

Артан Груби и судијата Енвер Беџети се лицата од Македонија кои се најдоа на ЦРНАТА ЛИСТА на САД.

-Aртан Груби, поранешен вицепремеир од С. Македонија

-Енвер Беџети, судија со Апелациониот суд на Македониа

-Следејќи ја Секцијата 7031, Стејт Департментот јавно ги псочува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна инволвираност во голема корупција со прифаќање на мито за да уништат/минират судски процес за криминална пресуда на Сашо МијалкоВ, директор на Администарција за Безбедност и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше обвинет во 2022-та за значителна корупција под Секција 7031, и е санкциониран од ОФАЦ со одлука Е.О: 14033. Како дел од оваа акција, семејството на Груби е исто така на црната листа.

Пред неколку минути и Американсата амбасада во Македонија јави со соопштение за новите имиња на ЦРНАТА ЛИСТА, а пораката која му ја испратија на Артан Груби е повеќе од директна:

Денешното именување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. Соединетите Држави ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во значителна корупција што ги поткопува демократските институции и ја нагризува довербата на јавноста. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок, се вели во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Артан Груби и неговото семејство на ЦРНА ЛИСТА НА САД

Следно

Агелер: Никој не е над законот, денешното назначување е доказ дека политичко мешање во судството не може

Latest from Blog

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот
Go toTop