Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

May 10, 2025
1 min read

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што ја потресе македонската, но и светската јавност.

„Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“„Бараме правда“, „Не чекајте твоето дете да биде следно“,се дел од пораките кои семејствата на загинатите ги упатија кон надлежните пред полициската станица, општината и пред судот во Кочани, јасно порачувајќи дека продолжуваат да бараат праведна и неселективна истрага.

На денешниот, петти по ред протестен марш за ангелите семејствата и блиските на трагично загинатите уште еднаш посочија дека се свесни за корупцијата и криминалните дејства кои се случувале во дискотеката на смртта. Татко на загинато момче од Кочани ги повика родителите да не молчат повеќе туку да зборуваат бидејќи, како што рече „убијците ни ги зедоа децата, а не Господ“.

Во  однос на истрагата, која сè уште е во тек, Јавното обвинителство најави дека истата ќе заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно најдоцна до 17 јуни. Во постапката за случајот според министерот за внатрешни работи, досега има над 60 осомничени лица.

Семејствата на жртвите остануваат на ставот дека бараат независна, темелна и неселективна истрага и најавија дека доколку не ја добијат правдата во земјава, тогаш ќе ја бараат пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур. 

Прошка нема, но правда мора да има, ова беше напишано на еден од транспарентите на денешниот петти по ред  протестен марш за ангелите, кој заврши токму овде пред Основното јавно обвинителство во Кочани.

Инаку, семејствата на трагично загинатите денес ја одбија поканата да се сретнат со премиерот Мицкоски на 13 мај, а причината за одбивањето, според соопштението, е доцнењето на поканата бидејќи тие претходно побарале средбата да се одржи во Кочани затоа што сметале дека тоа е разумно и оправдано, особено што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од најголемата трагедија со 62 загубени млади животи.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Следно

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Latest from Blog

Иран одговори на американскиот предлог за крај на војната

„Одговорот на Исламската Република Иран на најновиот американски предлог за прекин на војната денес беше испратен до пакистанскиот медијатор“, соопшти агенцијата. „Во оваа фаза, преговорите ќе се фокусираат, како што е планирано,

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев Актуелниот градоначалник Митко Јанчев се прости од својот претходник на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Неговиот придонес за Кавадарци ќе остане трајно запаметен, а споменот за него

Димовски: Оспорувањето на МПЦ-ОА е оспорување на македонскиот народ

Илија Димовски на социјалните мрежи објави осврт за значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел

Мајорка и Виљареал ги поделија бодовите

Првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот фудбалски шампионат, заврши со поделба на бодовите. Мајорка како домаќин одигра 1:1, со тимот на Виљареал во интересен и неизвесен дуел. Перез го реализираше
Go toTop