Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

May 10, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот им одреди мерка притвор од 30 дена, а сите се спроведени во Затворот Куманово.

Прв осомничен е 21-годишен маж кој, според обвинителството, на почетокот од мај во Скопје купил пиштол од непознато лице за 1.100 евра. Оружјето било без идентификациски ознаки за модел и сериски број. Преку мобилна апликација тој се договорил со жртвата да се сретнат и, наводно, да ги надминат долгогодишните недоразбирања. По краток разговор од околу 15 минути, осомничениот влегол во тоалетот, се вратил со оружјето и пукал во жртвата со повеќе куршуми.

Останатите четворица – три мажи и една жена, на возраст од 22 до 28 години – му помогнале на сторителот да се обиде да побегне. По убиството, тие го качиле во автомобил „БМВ“ управуван од осомничената жена и се упатиле кон Скопје. Тројца од осомничените имале пријавен престој во Штип, додека сторителот и уште еден од помагачите биле без регулиран престој во земјава.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека сите инволвирани се уапсени и процесуирани. „Министерството за внатрешни работи ги уапси како сторителот така и оние кои му помогнале во бегството. Сите се процесуирани,“ рече Тошковски.

Полициската акција за нивно приведување била изведена на патарината Миладиновци, пред влезот во Скопје, со координација меѓу службите од Штип и Скопје.

Истрагата продолжува, а мотивите за убиството засега не се официјално утврдени. Обвинителството ги истражува сите можни насоки – од лични долгови и крвна одмазда до нарачано убиство. За делото убиство со предумисла е предвидена казна доживотен затвор.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алонсо подготвува историска промена во Мадрид

Следно

Историски успех на Крива Паланка – првпат ќе игра во финале

Latest from Blog

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за

Колку лица годинава заработиле кривични пријави поради предизвикување на пожари?!

Во текот на актуелната 2026 година, од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување општа опасност“ против 10 сторители, велат од МВР,

Проданоски: Младите се чувари на македонската музичка традиција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на концертот „Како дишам јас“, на кој Сергеј Настески заедно со своите колеги приреди музичка вечер исполнета со автентичниот звук на македонската народна традиција. Во

Само еден фудбалер се вратил во Бразил со репрезентативниот авион!

Репрезентацијата на Бразил шокирачки е елиминирана од тековниот Мундијал во осминафиналето каде што беше целосно надиграна од Норвешка. Селекторот Анчелоти не успеа да го издигне Бразил на нивото на кое што посакуваше
Go toTop