ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

May 10, 2025
2 mins read

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) и ОМО Илинден Пирин, информираа за МИА од МАЕИ.

На Собранието бил разгледан извештајот за „Минимални стандарди за малцинствата во ЕУ“ од 2018/2036(INI), при што бил „разгледан фактот дека Македонците се староседелско население на територијата на Бугарија и Албанија и покажуваат посебни културни црти, одржуваат долгорочни и лојални врски со државата и се доволно репрезентативни, иако помали по бројност од остатокот од населението на таа држава“.

-Потврдено е пред сè дека Македонците се силно мотивирани да го зачуваат она што го сочинува нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ја нивната култура, нивните традиции и нивниот македонски јазик, потврдувајќи дека Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство според горенаведениот Извештај на ЕУ и дека Македонците се предмет на државно организирани систематски политики на асимилација, дискриминација и негирање на нивните човекови и малцински права, додаваат од МАЕИ.

Според истиот извор „ЕФА ги осудува бугарската политика на негирање на постоењето на македонската нација и блокирање на членството на Македонија во ЕУ“.

-Исто така ЕФА ја осудува бугарската политика на асимилација и дискриминација на македонското малцинство во Бугарија, бугарската политика на етничко таргетирање на македонското малцинство во Албанија за вештачко создавање бугарско малцинство преку масовно доделување и продажба на бугарски државјанства од ЕУ, напорите за асимилација, притисок врз властите и финансиски поткупи – јасна злоупотреба на членството на Бугарија во ЕУ, нагласуваат од МАЕИ.

ЕФА ја осудува понатамошна употреба на ова неодамна создадено малцинство за уценување на Албанија и легитимирање на асимилацијата на македонското малцинство, потоа правните постапки поддржани од бугарската држава против Македонската алијанса за европска интеграција, која има за цел да го замолчи политичкиот глас на Македонското малцинство во Албанија, како и издавањето лажни сертификати за бугарско потекло од страна на одредени албански општини – и покрај тоа што немаат законска надлежност да издаваат такви документи – со цел добивање бугарски пасоши преку коруптивни средства.

Европската слободна алијанса бара од Бугарија да се откаже од своите услови за европска интеграција на Македонија, кои се спротивни на Копенхашките критериуми, и да ја укине блокадата за пристапување на Македонија во ЕУ, да им ги даде на Македонците во Бугарија истите права што ги бара за Бугарите во Македонија, во согласност со принципите на правда и еднаквост, веднаш да ја запре својата агресија врз македонското малцинство во Албанија и заедно со Грција и Албанија, да ја потпише и целосно да ја спроведе Европската повелба за регионални или малцински јазици, вклучително и активна поддршка за македонскиот јазик и култура за Македонците и другите малцинства.

-Од институциите на ЕУ се бара повторно да се отвори прашањето за малцинствата во пост-мониторинг процесот за Бугарија и да се обезбеди целосно почитување на Копенхашките критериуми, европската комисија да го истражи третманот на македонските малцинства во Бугарија, Албанија и Грција, Да се бара идните текстови на ЕУ експлицитно да го споменуваат „етничкото македонско малцинство“ во главниот текст, а не во фусноти или нејасни термини, да се создадат механизми што ќе им овозможат на малцинствата да ги принудат институциите на ЕУ, како што е Комисијата на ЕУ, да дејствуваат во врска со системските повреди на правата, да се третира преседанот на ЕСЧП еднакво и да не се користи за оправдување на неактивноста, особено кога малцинствата немаат правни ресурси, да се признае македонскиот јазик како малцински јазик и да се поддржи неговата институционална употреба, да се признае дека барањата за регистрација за пристап до грантови финансирани од ЕУ им го негираат еднаквиот пристап на македонските граѓани на ЕУ, да се повика Европската комисија да ги преиспита и отстрани барањата за регистрација за апликации за грантови од горенаведената причина и да се гарантира правото на самоопределување и самоизразување за Македонците и во Бугарија и во Албанија, стои во резолуцијата.

Во образложението се нагласува дека овој предлог се потпира на Извештајот на ЕУ за минималните стандарди за малцинствата (2018/2036(INI)) и е одговор на растечкото потиснување на македонскиот идентитет во Бугарија и Албанија, како и на неуспехот на ЕУ експлицитно да го спомене етничкото македонско малцинство. Се посочува дека е потребен е нов пристап за да се обезбеди видливост и вклучување во рамките на човековите права на ЕУ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Историски успех на Крива Паланка – првпат ќе игра во финале

Следно

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Latest from Blog

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за

Колку лица годинава заработиле кривични пријави поради предизвикување на пожари?!

Во текот на актуелната 2026 година, од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување општа опасност“ против 10 сторители, велат од МВР,

Проданоски: Младите се чувари на македонската музичка традиција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на концертот „Како дишам јас“, на кој Сергеј Настески заедно со своите колеги приреди музичка вечер исполнета со автентичниот звук на македонската народна традиција. Во

Само еден фудбалер се вратил во Бразил со репрезентативниот авион!

Репрезентацијата на Бразил шокирачки е елиминирана од тековниот Мундијал во осминафиналето каде што беше целосно надиграна од Норвешка. Селекторот Анчелоти не успеа да го издигне Бразил на нивото на кое што посакуваше
Go toTop