Алтун: Туркије нема да дозволи да се заборави етничкото чистење насочено кон кипарските Турци

January 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије секогаш ќе се сеќава и нема да дозволи да се заборават напорите за етничко чистење и исклучување насочени кон кипарските Турци, изјави директорот за комуникации при турското претседателство Фахретин Алтун, јавува Анадолу.

„Има злосторства кои се спроведуваа. Наспроти овие злосторства, постои славен и горд отпор на кипарските Турци“, рече Алтун за време на посетата на изложбата „Кипарски факти“ што се одржа во Анкара, главниот град на Туркије.

Изложбата ги прикажува случувањата кои доведоа до Кипарската мировна операција, која ги запре злосторствата на Кипар. Содржи бројни фотографии, весници и вести од тој период.

На настанот присуствуваше и Ерсин Татар, претседателот на Турската Република Северен Кипар.

Алтун истакна дека Туркије ќе организира бројни активности во текот на годината за да се продолжи да се разговара за кипарското прашање низ светот, а изложбата ќе покаже како кипарските Турци биле угнетувани под влијанието на глобалните сили.

„Повторно, благодарение на силната поддршка и придонес на Република Туркије, како и на славната борба на кипарските Турци, овие обиди за геноцид не беа дозволени, овие злонамерни активности беа спречени“, додаде тој.

Истакна дека Турската Република Северен Кипар продолжува да ги штити кипарските Турци на меѓународната сцена со пристап заснован на дијалог и дипломатија.

Алтун, исто така, потсети на напорите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во претставувањето на дводржавното решение за кипарското прашање на различни меѓународни платформи, вклучително и Обединетите нации (ОН).

– Нападите од 1960-тите –

Етничките напади што започнаа во раните 1960-ти години ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклави заради безбедност.

Државниот удар на кипарските Грци во 1974 година, кој имаше за цел припојување на островот кон Грција, доведе до воена интервенција на Туркије како земја гарант за заштита на кипарските Турци од прогон и насилство. Турската Република Северен Кипар е основана на 15 ноември 1983 година.

Во последните години се забележуваат повремени мировни процеси, вклучително и неуспешната иницијатива во Швајцарија во 2017 година под покровителство на државите гаранти Туркије, Грција и Велика Британија.

Администрацијата на кипарските Грци беше примена во Европската Унија (ЕУ) во 2004 година, истата година, кога кипарските Грци го спречија планот на ОН за ставање крај на долгогодишниот спор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје се подготвува за прославата на Бадник и Божиќ – Кум е сопругот на Шекеринска

Следно

Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за нападите во Иран

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop