Стотици Израелци излегоа на протест во Тел Авив откако армијата призна дека по грешка убила тројца заложници во Газа

1 min read

Демонстрантите носеа транспаренти и фотографии од околу 130 заложници, за кои Израел верува дека се уште се заложници на Хамас во Појасот Газа

Стотици граѓани протестираа пред Министерството за одбрана во Тел Авив, откако израелската армија призна дека по грешка убила тројца заложници во Појасот Газа, кои ги држела палестинската милитантна група Хамас.

Демонстрантите носеа транспаренти и фотографии од околу 130 заложници, за кои Израел верува дека се уште се заложници на Хамас во Појасот Газа и ја повикаа владата на Бенјамин Нетанјаху да обезбеди ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.

Вчера, израелските одбранбени сили соопштија дека тројца израелски заложници во Газа по грешка биле идентификувани како закана и биле застрелани.

„За време на борбите во Шеџаја (во северна Газа), војската по грешка идентификуваше тројца израелски заложници како закана. Како резултат на тоа, војниците пукаа кон нив и тие беа убиени“,

рече портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари.

Според него, претставниците на војската „претпоставуваат дека тројцата убиени Израелци или избегале или биле напуштени од терористите“ за време на тековните борби во Газа.

Тој рече дека не може веднаш да одговори дали тројцата мажи ги кренале рацете или им викале на војниците на хебрејски.

„Израелската војска нагласува дека ова е активна борбена зона во која се водат тековни борби во последните неколку дена. Веднаш се научени лекции од настанот, кои се пренесени на сите војници на терен“,

рече Хагари.

Според него, израелската војска изразува длабоко каење за трагичниот инцидент и на семејствата им упатува искрено сочувство.

„Нашата национална мисија е да ги лоцираме исчезнатите и да ги вратиме сите заложници дома“,

додаде тој.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, ја нарече смртта на тројца израелски заложници „срцепарателна“.

Според него, американскиот претседател Џо Бајден е информиран од неговиот тим за национална безбедност за убиствата.

„Тоа е срцепарателно. Трагично е. Оваа вест излезе од Газа денес за заложниците кои биле убиени при спроведување на рација. Сакам да бидам внимателен овде да не зборувам за премногу специфики, бидејќи немаме совршена видливост за тоа како точно се одвивала оваа операција и како е направена оваа трагична грешка“,

изјави Кирби.

Верува оти Израел ќе испита како се случило ова, но одби да донесе „широка проценка за конкретната околност“.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Ако толку многу Османи и Ковачевски создале пријателства низ ЕУ зошто никој не ја замолува Бугарија да нема вето и го напушти состанокот кога ќе се гласа за почеток на преговори

Следно

ЦУК: Поради големиот дефект локално поплавување на објекти и без вода ќе остане поголем реон во централно градско подрачје во Скопје

Latest from Blog