Почна генералниот штрајк во повеќе градови низ Србија, блокиран патот Нови Сад – Белград

January 24, 2025
1 min read

Србија на нозе. Започна генералниот протест  на повик на студентите. Реки од народ низ улиците во Белград и други градови низ Србија. Протестот започна откако граѓаните формираа две колони. Се сретнаа на Бранков мост околу 13 часот, а потоа заедно тргнаа низ улиците на Нов Белград.

Ноќеска голем транспарент со натпис „Од двете страни на реката“. Студенти, средношколци институции, компании, синдикати се приклучија на протестот.Повеќе од 200 бизниси ја прекинаа работата во знак на солидарност со студентите. А протесотот го поддржа коалицијата за слобода на медиумите како и вработени во повеќе институцџии

„Не одиме на работа, не одиме на предавања, ја земаме слободата во наши раце Вашето учество прави разлика“, беа дел од паролите

– Ова веќе не може да се трпи. Беше крајно време вака сите заедно солидарно да излеземе на улица. 

– Тука сум да ги подржам промени и да ги подржам младите

На денешните протести ширум Србија се приклучува земјоделците кои ја болираа Ибарската магистрала. Зборуваа за нивните проблеми. Побараа решение во спротивно најавија дека блокадите ќе продолжат.

– Сите имаат заработка от тоа што го произведуваме само ние ние немаме. Сите знаеме колку другите заработуваат од млекото кое ние го проозведуваме.  

– Ако во рок од оваа недела не го решат проблемот со млекото околу откупната цена и пласманот, ние ќе продолжиме со протестите 

Пред протестот учесниците им оддадоа почит на загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад.

Новосадската опозиција пак го блокираше автопатот Нови Сад – Белград. Блокадата траепе еден час.

„Штотуку го блокиравме автопатот Нови Сад – Белград во знак на поддршка на студентите, воспитувачите, наставниците, професорите и предучилишните установи кои исто така од 9:30 часот утринава протестираат во Нови Сад. Опозицијата од Нови Сад, пратениците и советниците, сите обединети во блокадата, на штрајк на автопатот. Моите колеги се тука, никој не се жали засега, сите разбираат.“ – Мариника Тепиќ, потпретседателка на Партијата за слобода и правда.

Подршка на протестот дадоа судиите на Првиот основен суд во Белград,

– Ние, долупотпишаните судии на Првиот основен суд во Белград, ги поддржуваме студентите во нивните оправдани барања за непречено функционирање на државата, почитување на поделбата на власта, почитување на законот и еднаквост на сите пред законот, соопштија судиите подржувачи на протестот 

Во меѓувреме претседателот на Србија Александар Вучиќ  повикаа на голем митинг во Јагодина што треба да го одбележи како што посочи формирањето на „народното движење за пристојна Србија“.

Но, пред најавениот митинг на Вучиќ во Јагодина, голем број граѓани се собраа на улиците кои не му посакаа добредојде на српскиот претседател. 

“Не сте добредојдени,”, “Ние не сме тука од досада, туку за правда” порачаа протестантите во Јагодина.

На протестите ширум Србија можеше да се забележи силно полициско обезбедување. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

60 пациенти на скопска онкологија и натаму остануваат без терапија

Следно

Земјотрес со јачина од 4,4 степени во Албанија, епицентарот во близина на Скадар

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop