„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

October 29, 2026
1 min read

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски долари, со гаранција од германската држава, за обезбедување на снабдувањето со природен гас.  Договорот ја потврдува стратешката улога на компанијата во европската енергетска безбедност.

Германија продолжува да инвестира во сигурноста на своето енергетско снабдување, потпирајќи се на глобалната трговска и логистичка мрежа на „Трафигура“.  Новиот финансиски договор од 1,5 милијарди долари, гарантиран од Сојузна Република Германија, претставува уште еден пример за соработката меѓу државата и приватниот сектор во обезбедувањето стратегиски енергенси.

Во услови кога енергетската безбедност останува едно од клучните економски и геополитички прашања во Европа, ваквите договори имаат значење што го надминува вообичаеното корпоративно финансирање.  Тие овозможуваат поголема предвидливост во снабдувањето и ја зајакнуваат отпорноста на европските енергетски пазари.

„Трафигура“ веќе има воспоставено значајно партнерство со Германија.  Во 2022 година компанијата обезбеди кредит од три милијарди долари, со делумна германска државна гаранција, за испорака на значителни количества природен гас преку европската гасна мрежа.  Во февруари 2026 година следуваше и договор од 1,1 милијарда долари, гарантиран од германската држава, за долгорочно снабдување на германската индустрија со критични метали.

Овие договори ја позиционираат „Трафигура“ како важен партнер на најголемата европска економија, не само во енергетиката, туку и во обезбедувањето суровини неопходни за индустријата, технолошкиот развој и енергетската транзиција.

Новата финансиска соработка испраќа јасен сигнал: во време на глобална неизвесност, Германија ја третира сигурноста на снабдувањето со енергенси како стратешки државен приоритет, а „Трафигура“ како еден од меѓународните партнери за негово остварување.

„Трафигура“ од 2018 година е мнозински акционер во „Еуромакс Ресоурцес“ која ја поседува концесијата за проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“. Таа е мултинационална компанија со регионални центри на повеќе континенти. Главното седиште за Европа е во Женева, Швајцарија, а потоа следуваат и Хјустон, САД, како и Монтевидео за Јужна Америка, но и Мумбаи во Индија. „Трафигура“ се наметнува и како најголемиот приватен трговец со метали во светот и втор по големина трговец со нафта, која опстојува во економиите на 36 земји, со отворени преку 65 канцеларии.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Latest from Blog

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос
Go toTop