Националната стратегија за сајбер безбедност 2025-2028 година

January 21, 2025
1 min read

Иако Македонија подолг период се соочува со измамнички СМС пораки до граѓаните, сајбер напади врз критичните системи на државните институции, лажни дојави за поставени бомби, но и опасна содржина на социјалните мрежи како Тик Ток предизвиците од кои се повредија повеќе малолетници, државата нема протоколи за реакција ниту пак има одговорност кај раководните лица.

Со новата национална стратегија за сајбер безбедност за 2025-2028, ќе се знае кај кого е одговорноста доколку се случат вакви инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. 

Како дел од Националната стратегија, министерот Андоновски најави нов сектор за сајбер безбедност и национален совет за сајбер безбедност + кој ќе врши стратешки надзор, а ќе се работи и над централизиран систем за одговор на инциденти. 

Во меѓувреме се подготвува и Законот за сајбер безбедност кој веќе е објавен на ЕНЕР и според министерот Андоновски е следниот чекор на државата да биде во тек со светскиот тренд на дигитална безбедност и употребата на напредни технологии. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митев: Иако во помал број, навивачите ни беа ветер во грб

Следно

Реакции од Европа за Доналд Трамп

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop