Митев: Иако во помал број, навивачите ни беа ветер во грб

January 21, 2025
1 min read

Најефикасниот играч во македонската ракометна репрезентација Марко Митев на денешниот натпревар со Австрија, верува во победа на следниот натпревар со Катар.

-Добив поштеда се одморив малку. Имав мала повреда на левото рамо. Освоивме бод, но верувам дека со Катар можеме да победиме. Треба да се подготвиме добро. И на овој натпревар имавме поддршка од нашите навивачи.  Иако тие беа во помал број во однос на претходните натпревари, сепак ни беа ветер во грб и не понесоа до овој бод, рече тој.

Митев постигна шест гола во нерешените 29:29 со Австрија во 1. коло од Групата – 2 на ракометниот Мундијал 2025.

Средбата со Катар е в четврток исто така во Вараждин со почеток во 15:30 часот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ослободена Палестинка од израелски затвор: „Во затвор ја гушкав перницата, во копнеж по својата ќерка“

Следно

Националната стратегија за сајбер безбедност 2025-2028 година

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop