Реакции од Европа за Доналд Трамп

January 21, 2025
2 mins read

Веднаш откако официјално стапи на функцијата, новиот американски претседател Доналд Трамп помилува околу 1 500 свои приврзаници, обвинети или осудени за упадот во капитол на 6 јануари 2021 година.

Четиринаесет членови на „Прауд бојс“ и „От киперс“, две екстремно десничарски групи, се меѓу оние чии казни беа ублажени од новиот републикански претседател откако вчера ја презеде функцијата. Дополнително, Трамп потпиша наредба со која американското министерството за правда се упатува да ги повлече сите нерешени случаи против осомничените за немирите од пред четири години.

– Овие луѓе се уништени. Тоа што им го направија на овие луѓе е срамота. Ретко имало нешто слично во историјата на нашата земја. Ќе ги ослободиме нашите заложници, кои, во голема мера, не направиле ништо лошо. Очекуваме да излезат вечерва. – Доналд Трамп-претседател на САД.

Трамп потпиша и извршна наредба со која им наредува на американските власти да престанат да издаваат документи за државјанство на деца родени во САД чии родители немаат правен статус. Меѓу другото, тој првично ги повлече САД од Парискиот климатски договор. Кој Џо Бајден го врати во својот мандат. Трамп најпрво потпиша извршна наредба со која поништи 78 извршни наредби на неговиот претходник Џо Бајден, вклучително и отстранување на Куба од листата на држави спонзори на тероризмот, објавија американските медиуми.

Потоа, заедно со повлекувањето на САД од договорот за климата, тој, исто така, го забрани издавањето на нови федерални регулативи додека тој и неговата влада не ја преземат целосната контрола врз нив, привремено го забрани вработувањето во федералната влада, освен за војската и националната безбедност и ја прекина работата од дома за федералните службеници. Американскиот претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на договор со Украина. Трамп рече дека Путин ја уништува Русија со неподготвеноста да постигне договор.

Претседателот на САД исто така вети дека ќе стави крај на војната меѓу Русија и Украина што е можно побрзо. Тој најави дека  ќе се сретне со Путин, но дека се уште не е одреден датум за средбата.Новиот американски претседател нагласи дека украинскиот претседател Зеленски сака договор.   Путин претходно му честиташе на Трамп за неговата инаугурација и рече дека Москва сака „траен мир“ со Киев.

– Му честитаме на Доналд Трамп за влегувањето во администрацијатаМосква е отворена за дијалог со Соединетите држави, кој ќе биде изграден на еднаква и взаемна основа со почитување. Руската Влада ќе продолжи да се бори за интересите на својот народ. Ја слушаме и неговата изјава за потребата да се направи сè за да се спречи третата светска војна, се разбира, ја поздравуваме оваа позиција. – Владимир Путин претседател на Русија.

Засолништата за мигранти во Тихуана пак лоцирани преку границата од Сан Диего, Калифорнија се подготвуваат за можен пораст на приливот на мигранти доколку американскиот претседател Доналд Трамп го спроведе својот план за масовна депортација. Повеќе од 30 засолништа работат во мексиканскиот пограничен град кој се наоѓа во северозападната држава Долна Калифорнија. Се стравува дека ќе се создаде хуманитарна криза поврзана со услугите и за мигрантите кои одат во Соединетите држави и за оние кои се депортирани. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Националната стратегија за сајбер безбедност 2025-2028 година

Следно

МФ ја информира јавноста: Споделено е лажно интервју со Димитриеска-Кочоска

Latest from Blog

Божиновска: Поевтина струја од ЕСМ, конечниот збор за горивата го има Регулаторна

Производството на електрична енергија е стабилно, а ЕСМ обезбедува сигурно снабдување по пониски продажни цени, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено
Go toTop