Здравството во 2024-та во сенка на многу нерасчистени афери

December 31, 2024
1 min read

И годинава завршува без одговори и одговорност за еден од најголемите скандали во здраството – клиника за онкологија. Кој и какви злоупотреби правел на клиниката каде се лекуваат најтешко болните – истрагата на обвинителството се уште е во тек. 

Нерешени остануваат и проблемите со паркингот на скопскиот клинички центар, каде пациенти од целата земја доаѓаат да се лекуваат. Гужви, нервози и хаос е секојдневната слика во дворот на клинички. Катната гаража се уште само во најава.

Со ист статус остана и изградбата на болниците во Штип и Кичево кои требаше да станат регионални болнички центри. Кичевската болница цели 39 години се гради и никако да се изгради, а веќе осум години никако да се пушти во функција ниту новиот објект каде требаше да биде штипската болница. Веќе четири години „под клуч“ е и новиот дел од болницата во Струмица, а причината е кабел кој се уште не поставен за да може да се стави во функција на пациентите.  

Останаа и барањата и надежите на пациентите со дијабетес – безболни сензори за мерење на шеќерот во крвта да добијат сите пациенти без разлика на возраста.

 

Годинава ја одбележаа и серија протести на младите лекари – приватните специјализанти кои го кренаа гласот против условите за кои работат и ги потсетија здравствените власти дека е 5 до 12 за да преземат мерки. 

 

Протестите резултираа со најави за вработување и решавање на работниот статус од страна на министерството за здравство. 

Годинава промената на власта го врати Арбен Таравари на чело на ресорот. Укинувањето на економските директори беше еден од првите чекори на министерот, а годинава после повеќе од една деценија конечно беа ставени и нови лекови на позитивната листа. 

Таравари периодов се соочи и со низа критики од опозицијата и повици за оставка и одговорност по последните случувања на детската клиника. Министерот тврди дека здравствениот систем кој го наследиле не може да се промени преку ноќ. За следната година тврди дека фокус ќе биде ставен на пациентите но и на условите за работа на здравствените работници.

Медицинскиот кадар испиша и позитивни приказни. И годинава на скопскиот клинички центар беа извршени неколку успешни трансплантации со кои беа спасени човечки животи. Последната трансплантација беше извршена на Клиниката за ортопедија, а интервенцијата беше извршена кај 47-годишна пациентка.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турскиот хирург кој успеа да влезе во Газа рече дека во градот најпотребни се храната и лековите

Следно

Светот во 2024-та

Latest from Blog

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако
Go toTop