Турскиот хирург кој успеа да влезе во Газа рече дека во градот најпотребни се храната и лековите

December 31, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА)

– Мехмет ШАХ ЈИЛМАЗ

Турскиот специјалист за општа хирургија, Омер Фарук Ајдоган, кој успеа да влезе во Газа, изјави дека во Газа има сериозна криза со лекови и храна и го повика турското и светското јавно мислење да одговорат на итните потреби на Газа од лекови, особено од антибиотици.

Д-р Ајдоган за АА говореше во врска со неговиот влез во Газа и работата во градот.

Тој истакна дека заедно со уште четири лица аплицирал за рабора во Газа преку Фондацијата за сираци и турски лекари доброволци воз Газа, која врши хуманитарна помош. Д-р Ајдоган рече дека Израел само нему му дозволил да влезе во Газа.

– „Треба да се дозволи во Газа да влезат лекови, особено антибиотици“

Д-р Ајдоган рече дека Газа и Ерусалим не се само палестински прашања и додаде:

„Дојдовме да им помогнеме на нашите браќа од Газа. Нес се плашиме. Да се ​​биде загине херојски на патот на Алах и за Ерусалим е една од најголемите нешта за нас“.

Зборувајќи дека работи во Болницата за јавна помош „Газа“ во северна Газа, д-р Ајдоган рече дека оперирал четири лица повредени во израелските напади.

Потенцирајќи дека нападите во регионот продолжуваат непрекинато секој ден, тој истакна:

„Пациентите се сместени во шатори надвор од болниците и на земја пред болниците. Сериозни здравствени услуги не може да се обезбеди бидејќи нема антибиотици, нема лекови, нема стерилна животната средина. Има многу инфекции по операцијата на раните, има недостиг од медицинска опрема. Навистина, здравствениот систем на Газа е навистина на работ на колапс.“

Потенцирајќи дека најважна потреба во Газа е итно снабдување со храна и лекови, Омер Фарук Ајдоган рече: „Треба да се дозволи во Газа да влезат лекови, особено антибиотици“.

Зборувајќи дека лекари од различни делови на светот сакаат да дојдат во Газа, д-р Ајдоган рече дека Израел дозволил многу мал број лекари да влезат во Газа, за многу краток временски период“.

Д-р Ајдоган рече дека жителите на Газа не заборавиле да бидат благодарни и покрај ситуација во која се наоѓаат и израелските напади и дека се многу среќни од помошта што доаѓа од Туркије.

„Особено кога ќе слушнат дека сме Турци, сите пациенти велат Реџеп Таип Ердоган. Многу го сакаат. Од претседателот посакуваат да пружи многу поголема помош за Газа“, рече тој.

Посочувајќи дека во Газа има сериозна криза со храна и лекови, д-р Ајдоган рече: „Луѓето во Газа имаат потешкотии да дојдат до храна и вода за пиење“.

– „Итно да се отвори коридор за влез на лекови и храна во Газа“

Истакнувајќи го фактот дека постои сериозен ризик од епидемиолошки болести во Газа, д-р Ајдоган го рече следново:

„Времето во Газа ноќе заладува. Ваквото време не влијае многу на возрасните, но сериозно влијае врз децата. Особено жените кои штотуку се породиле и новородените бебиња под вакви услови ги губат животите. Во Газа треба да се отвори итен коридор за лекови и храна. На Газа ѝ е потребна медицинска опрема. Пациентите кои се оперирани во Газа мора веднаш да бидат отпуштени од болницата бидејќи има пациенти кои чекаат на операција. Луѓето не можат да најдат ниту еден оброк дневно, а кризата со храна во исто време преминува и во здравствена криза. Исто така, нема пристап ниту до чиста вода. Сите наведени работи се причини кои можат да доведат до епидемии.“

Д-р Ајдоган додаде дека Израел му издал работна дозвола во Газа до 8 јануари 2025 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници помилува седум осудени лица

Следно

Здравството во 2024-та во сенка на многу нерасчистени афери

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop