Регионот во ШОК: За убиство на 9 лица Урош доби 20 години затвор, ова е причината за малата казна

December 12, 2024
1 min read

Една година и седум месеци по масакрот што ја потресе Србија, Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ беа осудени на по 20 години затвор. Пресудата која беше донесена предизвика бура од реакции поради максималната казна што можеше да ја добие Урош Блажиќ.

Иако законот за делото што го направи предвидуваше казна доживотен затвор, односно 40 години, Блажиќ не можеше да ја добие оваа најстрога санкција. Причината лежи во тоа што уште не наполнил 21 година, кога ги извршил убиствата, спаѓал во категоријата помлади полнолетни лица, за кои законот предвидува максимална затворска казна од 20 години.

Потсетуваме, масакрот што го изврши Блажиќ ги зеде животите на девет лица, а 12 лица беа ранети. Оваа трагедија предизвика шок и тага низ целата земја, а во текот на судењето деталите за злосторството дополнително ја потресоа јавноста. Во шок е целиот регион.

Многумина веруваат дека казната од 20 години е несоодветна со оглед на обемот на кривичното дело.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сириските деца родени во Туркије за првпат ќе ја видат својата татковина по падот на сирискиот режим

Следно

Лимани: Кина донира сензорни соби за деца и лица со попреченост

Latest from Blog

САД ги нападнаа иранските радари откако соборија беспилотни летала над Ормуз

Американските сили денес ги нападнаа иранските крајбрежни радарски системи откако соборија беспилотни летала лансирани од Иран кон Ормутскиот теснец, соопшти американската војска, во најновата ескалација што дополнително ги комплицира напорите за завршување на

Неделен преглед на Македонската берза: Над 91 милион денари промет за пет дена

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 01.06.2026 до 05.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазари во редовното тргување изнесуваше 91.670.312,92 денари.

Во Тирана започна 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Фото: Македонско друштво “Илинден“-Тирана Во Тирана денска започна 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со Македонско друштво
Go toTop